Еуроимпекс
ЕУРОИМПЕКС е компанија основана во 1990 година. Првиот увоз на Peugeot автомобили е извршен во 1992 година, а од 01 јануари 1995 година ЕУРОИМПЕКС добива статус на генерален увозник и дистрибутер на производите на PEUGEOT (автомобили, скутери и резервни делови).
За изминативе години од своето работење, ЕУРОИМПЕКС успева да развие цврста продажна и сервисна мрежа ширум Републикава со 12 продажни и 10 сервисни позиции.
Брендот PEUGEOT, ужива висок степен на имиџ и голема доверба кај купувачите во Македонија. Ова е резултат на ефективното менаџирање од страна на генералниот менаџмент на компанијата, на вниманието посветено на купувачите - нивните потреби и мислење, и на залагањето и ефикасното извршување на работните задачи на персоналот и дилерско-сервисната мрежа.
ЕУРОИМПЕКС работи во деловен центар проектиран според стандардите на AUTOMOBILES PEUGEOT каде нашиот искусен и динамичен тим секогаш Ви стои на располагање.
