Peugeot историја

history zaglavlje

 

Armand Peugeot

 

Францускиот индустријалец, Armand Peugeot е еден од првите кој ги  разбирал факторите и средината во која ќе биде роден автомобилот, а потоа и неговата индустрија.

Во династија на претприемачи, во 1849 година во градот Velentigneyu e роден Armand Peugeot. За него се вели дека го красела инвентивноста и бил човек со ведар и авантуристички дух.

 

  armand peugeot                   obitelj peugeot                   type3                   type3

 

Воден од своите амбиции, образованието го стекнува во  Ecole Centrale и станува инжинер, каде по долгогодишна пракса во Leeds во Англија, успешно се впушта во производство на велосипеди. Во 1889 успева да го произведе првиот парен велосипед на три тркала и истиот да биде поставен на штандот на „Браќа Пежо“ во Париз.

Во 1890 година, тој поаѓа во авантура со автомобилизмот, со првиот Peugeot опремен со мотор на нафта.

По успехот во Париз, во 1890 година се започнува со производство на првите возила со четири тркала опремени со Даимелерови мотори, кои биле произведувани по лиценца од Panhard и Levassor.

Почнувајќи од таа година, произведени се Тип 3 првото сериски произведено возило во 64 примероци (произведувани во четири години) и Тип 4 произведен во еден и единствен примерок за бегот од Тунис.

Потоа следува Тип 5, произведен во 1894 година кој победува во првата трка  така наречена „коли без коњи“, организирана на 128 km од Париз до Руен.

Во 1895 година произведен е Тип 8 со четири седишта кој победува во трката Париз-Бордо-Париз долга 1180 km, во која трка за прв пат во светот се мери времето.

1896 година Armand Peugeot го основа Automobiles Peugeot како акционерско друштво и започнува производство на автомобили во кои се вградуваат мотори, конструирани и  произведени за Peugeot (Тип 15).

Најпосле се произведува Тип 36 првото „вистинско“ возило со мотор вграден во предниот дел и за прв пат се користи волан за управување онаков каков што го познаваме денес.

Генерално успехот на Peugeot може да се види низ историјата како и на патишта низ светот. Peugeot со својот креативен дизајн и внатрешна ергономија ги спојува техничкиот прогрес низ годините со иновациите на денешницата.