Peugeot новости
страна
106.12.2011Официјализирана соработката помеѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот

Денес во продажниот салон на Еуроимпекс, се одржа прес конференција на која се објави и официјализираше соработката меѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот.
Од Еуроимпекс изјавија дека како компанија добиле понуда која со задоволство ја прифатиле и за која веруваат дека ќе се реализира во еден високо-успешен проект. Оваа година Еуроимпекс ќе биде дел од проектот на ФОН Универзитетот, именуван како „Фабрика на знаење“, а во функција на унапредување на деловната комуникацијата и социјална интеракција.
05.12.2011Срцето на Калиопи освоено од Францускиот лав Peugeot 508

„Го обожувам моделот 4007, но Peugeot 508 ме плени со кралски луксуз, комфор и моќ! Ова возило има мускулеста, а воедно и елегантна линија која ме остави без здив уште при првиот поглед. Што повеќе да речам, едноставно ми го освои срцето... Како што велат во Еуроимпекс, овој модел е за сите оние кои движат со 120 идеи на час.“ – изјави Калиопи.
01.12.2011 Peugeot возилата со 4-ри години гаранција!
Стартувајќи од 01.12.2011 година сите новокупени Peuegot возила во рамките на Р.Македонија ќе бидат со гаранциски период од 4-ри години. Гаранцијата е во важност 48 месеци или 100.000 изминати километри.
За време траењето на гаранцискиот период на клиентот ќе му биде достапна и услугата за транспорт на возилото во случај на дефект на пат и тоа 24 часа, 7 дена во неделата, вклучувајќи викенди и државни празници на ниво на Р.Македонија.
24.09.2011Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2011
Стартот на оваа манифестација е назначен за 24-ти септември, ден сабота во Тетово, а крајот на 11-ти ноември 2011 година во Кочани. Тест турата ќе ги посети граѓаните во сите дилерски центри на Peugeot низ Македонија и ќе опфати вкупно 7 градови. Тест возењето ќе започнува пред салоните т.е. овластените дилерски центри на Peugeot и ќе биде со времетраење од една недела во секој град.
30.06.2011Владо Јаневски, нов член на семејството Peugeot

Јавноста е веќе добро запознаена дека повеќе години, Еуроимпекс има соработка со врвни личности кои пленат и се пример на нашето Општество. Тие се врвни и докажани уметници, филантропи и хуманисти – заштитните лица на Еуроимпекс: Каролина, Калиопи и Влатко Лозаноски! Кај импортерот, спонтано се родила идејата за проширување на Peugeot семејството и од овој ден тоа брои еден член повеќе... Новиот член е: докажан пејач, кантавтор, културен мисионер, великан... и како личност еден од најомилените во јавноста... Владо Јаневски, новото заштино лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot! Одсега, него ќе го среќаваме во придружба на Peugeot 508.
20.04.2011Новиот Peugeot 508 пристигна!

Голем број гости, Генерални менаџери на средни и големи компании, потенцијални купувачи и голем број реномирани имиња... Еуроимпекс, импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, приреди спектакуларна промоција на новиот модел Peugeot 508. Во луксузниот амбиент, беа поставени и прекриени шест возила Peugeot 508 кои го очекуваа своето промовирање. Вклучените фарови под прекривките допринесуваа за развивање на мистично чувство кај сите гости.
08.12.2010Еуроимпекс, промоција на Peugeot RCZ и прослава на јубилеите со градска журка и настапи во живо

Еуроимпекс импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, оваа година ја одбележа како година на јубилеи. Peugeot брендот бележи 200 години од своето постоење, а Еуроимпекс 20 години од своето основање. Двата родендени збогатени со причина повеќе, промоција на Peugeot RCZ, беа прославени вчера (07.12.2010 год.) во Club Colosseum.
27.09.2010Лозано, нов члан на семејството Peugeot

Генералниот директор на компанијата, г-динот Кирил/Даниел Воиновски ги предаде клучевите на Лозано од возилото Peugeot 308 со Premium ниво на опременост, одличен бензински мотор и трендовска бела боја.
01.07.2010Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010, посети девет града низ Републикава

Екипата на Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010 изврши успешно претставување на моделите на Peugeot во девет града во Републикава. Во продолжение Ви претставуваме дел од атмосверата.
06.05.2010Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010

Во просториите на Еуроимпекс – Генерален увозник на возилата Peugeot, беше одржана прес конференција на која ексклузивно беа објавени информациите врска целомесечната манифестација наречена Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2010.
Станува збор за статичко и динамичко прикажување на возилата на Peugeot при што целата менифестација ќе биде проследена во 9 градови во Републикава од 10:00 до 16:00 часот.
25.02.2010Еуроимпекс прославува јубилеј

По осамостојувањето на Македонија, Еуроимпекс е првата приватна компанија чие работење е насочено кон трговија со автомобили и моторни возила од лесна категорија. Еуроимпекс е основана на 26 јануари 1990 година, а како основачи се јавуваат членовите од семејството Воиновски.
Еуроимпекс прославува јубилеј,... бележи 20 години постоење!
26.12.2008Калиопи стана заштитно лице на Peugeot

Македонската поп-дива Калиопи официјално стана заштитно лице на Еуроимпекс, генералниот увозник на Peugeot автомобили за Македонија.
12.06.2008Каролина и Peugeot

Во четвртокот (12.06.2008) Каролина Гочева не ги криеше изненадувањето и возбудата кога сопствениците на Еуроимпекс и ги предадоа клучевите од новиот модел на Peugeot 308. Досега таа како заштитно лице на компанијата возеше Peugeot 207.
страна
1