Peugeot новости: Калиопи стана заштитно лице на Peugeot

26.12.2008год.Калиопи стана заштитно лице на Peugeot



Македонската поп-дива Калиопи официјално стана заштитно лице на Еуроимпекс, генералниот увозник на Peugeot автомобили за Македонија.


Македонската поп-дива Калиопи официјално стана заштитно лице на Еуроимпекс, генералниот увозник на Peugeot автомобили за Македонија. На прес-конференцијата која се одржа на 26 декември 2008 година, Еуроимпекс ексклузивно ја промовираше соработката со Калиопи, нашата најголема музичка ѕвезда. Калиопи беше официјално претставена како заштитнo лице и пријател на компанијата, при што свечено и беа предадени клучевите од теренецот.


"Јас сум страствен возач и одсекогаш сум сакала да имам џип. Сега ќе можам да го живеам мојот сон што ме прави многу среќна"-изјави Калиопи.



"Нашата прва соработка со Калиопи беше во 2002 година. Сигурно се сеќавате, соработувавме за спотот на песната „Дали ме сакаш“ во кој Калиопи возеше купе-кабриолет Peugeot 206. Денес очите на јавноста Калиопи ја перципираат како дама и врвен уметник, чија енергија ќе биде во склад и хармонија со нашиот убав теренец- изјави г-дин Кирил Воиновски косопственик на компанијата Еуроимпекс".


Џипот Peugeot 4007 во чие движење ќе уживаат Калиопи и нејзиното семејство има еколошки 2.2 HDi мотор со 120 КС. Луксузниот дизајн и премиум ниво на опрема кое вклучува 6 воздушни перничиња, ABS систем за сопирање, ESP електронска контрола на стабилност, патен компјутер, автоматски клима уред, паркинг сензор, hands free и други сериски вградени елементи кои возењето ќе го претворат во вистинско уживање.