На ден 12.2.2017, во Хотел „Мериот“, се случи уште една ноќ посветена на невестите и младенците во која брендот Peugeot го зазема почесното место пред самиот влез на хотелот каде моделите Peugeot 2008 и Peugeot 3008 гордо ги пречекуваа гостите.

Никој од присутните не остана рамнодушен на робусната и елегантна става на моделите кои ги заведуваа со раскошните LED светла и сосема новите предни решетки како олицетворение на новиот стил на Брендот.

Имено моделите 2008 и 3008 спаѓаат во SUV класата на возила и се модели од најновата генерација на Брендот. Инаку во моментов Peugeot располага со најмладата гама на возила, во просек помлада од 3,5 години.

Изложените возила и тоа како ги заведуваа присутните, а посебно им беа допадливи на младите брачни парови или оние кои во иднина планираат да стапат во брак, како дел од присутните, на овој настан.

Вечерта беше исполнета со дефиле на еминентните имиња од модниот свет во Македонија и Косово.