На ден 5.2.2017, во работните простории на Еуроимпекс, беше извршена регионална обука за новиот SUV Peugeot 3008 на ниво на целата продажна мрежа во Македонија, Косово и Албанија.

Обуката беше водена од страна на г-динот Дарко Радончиќ, кој во концизна презентација составена од теоретски и практичен дел кон дилерската мрежа ги пренесе најновите информации од новиот SUV Peugeot 3008.

Во самата презентација посебно внимание беше посветено на најновите дизајнерски и технолошки достигнувања кои кај овој модел ги има во изобилство, посебно истакнати беа големиот број на безбедносни мерки при возење како што се: Active Safety Brake & Distance Alert, Active Lane Departure Warning, Driver Attention Warning, Smart Beam Assistance, Speed Limit Sign Recognition & Recommendation, Adaptative Cruise Control With Stop Function, Active Blind Spot Monitoring, 360° View.

Воедно акцент беше ставен и на моќните Бензински и Дизел Еуро 6 мотори. Беше истакната подигнатата шасија (ground clearance) која што е највисока во сегментот - 22 cm како и подигнатиот преден и заден дел за полесно справување со секаков вид на терени.

Во таа насока беше споменат и Advanced Grip Control + HADC системот, кој е еден од најважните елементи за еден ваков SUV модел. Системот го прилагодува возењето на секаков вид на терен и соодветствува на 5 режими на возење. Нормален режим, режим песок, режим кал, режим снег, како и режим за ESP off, односно можност за исклучување до брзина од 50 km со цел да му се овозможи на возачот целосна автономија, а со опцијата Descent Control останувате под потполна контрола дури и кога ќе се соочите со најстрмните патеки без при тоа да треба возачот да ја користи педалата за сопирање.

Во рамките на обуката, веднаш по теоретскиот дел, беше извршен и компаративен тест сo возилата припадници во истиот т.н. “C SUV” сегмент сè со цел за подобра визуелна перцепција на разликите (предности и недостатоци) помеѓу моделите.

Тимот на Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа во регионот, секогаш Ви стои на располагање.