Продажба во боја

Во периодот од 13 до 14 јуни дел од продажниот тим на Еуроимпекс го посети регионалниот тренинг центар на Peugeot во Загреб, Хрватска.

Програмата за обука на продажни советници „Продажба во боја“ опфати многу интересна и корисна содржина. На обуката се разгледуваа различни типови на потрошувачи и начините на кои еден продажен советник треба да го нуди производот на крајниот потрошувач, согласно неговите желби, потреби, навики и однесување. Како и средствата со кои треба да се служи продажниот советник за време на процесот на продавање.

Екипата од Македонија покажа одличен резултат и учество во обуката, со што вработените ја завршија истата со ново искуство и желба за применување на овие средства при продажбата.

Со ова се потврдува заложбата од страна на Еуроимпекс да континуирано инвестира во својот кадар, како би се соочиле попрофесионално во тековните обврски и воедно да бидат дел од сите новитети од брендот Peugeot.

Се со цел за уште подобро промовирање на возилата на потенцијалните клиенти како и разбирање на нивните желби и потреби и при тоа задоволување на двете засегнати страни. Продажниот советник од едната страна и потенцијалниот клиент од другата страна.