Продажниот тим на обука во регионалниот тренинг центар

Во периодот од 18 до 19 мај дел од продажниот тим на Еуроимпекс го посети регионалниот тренинг центар на Peugeot во Загреб, Хрватска.

На програмата за обука на продажни советници со наслов „Преглед на системите и новата опрема која се јавува кај PSA возилата", екипата од Македонија покажа и повеќе од завиден резултат од обуката и тестирањето кое беше спроведено од страна на обучените лица.

Со ова се потврдува заложбата од страна на Еуроимпекс да континуирано инвестира во својот кадар, како би се соочиле попрофесионално во тековните обврски и воедно да бидат дел од сите новитети од брендот Peugeot. Се со цел за уште подобро промовирање на возилата на потенцијалните клиенти како и разбирање на нивните желби и потреби .