Денес, се одржа хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен 2017“. Ротаракт Клуб, Скопје во соработка со Еуроимпекс, Генералниот увозник на Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, го организираа овој хуманитарен тениски настан. Ротаракторците, ротаријанците и пријателите на Ротаракт Клуб Скопје дадоа поддршка на личниот развој на децата од Здружението за заштита на правото на детето сместени во „Дневниот центар за деца од улица“, Шуто Оризари.

„Денес по 8-ти пат го одржавме хуманитарниот тениски турнир „Ротаракт Опен“ кој и оваа година, по трет пат го организираме заедно со Еуроимпекс – Peugeot. Целта на овој хуманитарен тениски турнир е да се соберат средства кои ќе бидат неменети за купување на апарати за домакинство за Дневниот центар за деца од улица, Шуто Оризари.“изјави Стефан Перчинков, Претседателот на Ротаракт Клубот, Скопје и додаде: „Ротаракт Клубот Скопје е граѓанска организација, подмладок на Ротари Клубот Скопје основана и водена од млади ентузијасти на возраст од 18 до 30 години кои секоја недела се собираат со цел да разменат нови идеи, планираат активности и проекти насочени за помош и поддршка на заедницата и унапредување на општеството.“

Еуроимпекс веќе трета година по ред е пријател на Ротаракт клубот и особено ни е драго што сме дел од еден ваков настан, посебно поради хуманитарниот карактер на истиот. Еуроимпекс, како успешна компанија во земјава а и во регионот, секогаш се стреми кон остварување и вложување во развојот на своите вработени, но никогаш не изостанува и од грижата кон надворешните засегнати страни. Како што се на пример лица кои живеат во тешки социјални и економски услови, за кои токму денес се игра и се собираат средства. Еуроимпекс и понатаму продолжува да претставува позитивен пример, со надеж да поттикне уште поголемо вложување - изјави Ана Николоска, маркетинг асистент во Еуроимпекс.