Еуроимпекс е регионален застапник за брендот Peugeot трета година по ред, а втора година успешно ја претставува најмладата гама на францускиот производител, во просек помлада од 3 години, на интернационалниот саем во Белград.

Моделите на брендот го заземаа почесното место во хала бр.1, каде со својата елеганција, робустност и уникатен дизајн ги привлекуваа погледите на сите присутни.

Оваа година импресивниот штанд на Peugeot поставен по најновите стандарди на принципалот е фокусиран на SUV програмата на брендот.

Премиерата на долго посакуваниот Peugeot 5008 SUV, моќниот и импресивен 2008 SUV, и најважниот од сите - Peugeot 3008 SUV – кој гордо се закити со многу бројни награди и признанија:

  • Европски Автомобил на годината за 2017та
  • Автомобил на годината во Србија
  • SUV на годината во Србија
  • 3008 DKR со освоени 3 први места на последното Дакар рели
  • И уште 20 други признанија за Peugeot 3008 добиени во првиот квартал на годината.

На штандот секако беа претставени и секогаш посакуваните 308 и 308 SW, како и неодоливите Peugeot 108 и 208, премиерата на семејниот и редизајниран 301 и заводливиот 508.

За оваа прилика, импортерот обезбеди тест возила кои се лоцирани пред Халата бр.1, каде потенцијалните клиенти можат веднаш да направат тест возење и да се уверат дека беспрекорниот квалитет на Peugeot возилата е само почетна точка каде се раѓаат силни емоции на задоволство.

“Тимот на Еуроимпекс е фокусиран кон зајакнување на укажаната доверба од принципалот за регионален застапник на брендот. Во изминатите неколку години успеавме да обезбедиме одличен пласман и зголемување на уделот на регионалниот пазар. Веруваме во брендот и неговиот развој. Интернационалните успеси во последниве месеци говорат за технолошките иновации, современиот дизајн, високиот степен на ергономија и безбедност како и за можноста на персонализација што ги прави моделите на Peugeot совршен избор и за најпребирливите клиенти.“ – изјави Даниел Воиновски, генерален директор на Еуроимпекс.

„Чест ми е да присуствувам на еден ваков настан, особено поради фактот што Новиот Peugeot 3008 SUV ја доби наградата „Автомобил на годината во Србија“, веднаш по освоената награда за „Европски Автомобил на годината“ како и 20 други награди и признанија насекаде во Светот! Peugeot е целосно посветен на врвниот квалитет кој што го нудат SUV моделите кои што се всушност срцето на интернационалната експанзија на самиот бренд. Бидејќи како што веќе знаете SUV сегментот во Европа се зголеми за 2,5 пати повеќе во изминативе 6 години – а Peugeot планира да ја има главната улога во овој сегмент, благодарение на 2 производи со многу силни адути. Оваа офанзива гордо го исполнува ветувањето кое што го дадовме на нашите клиенти: да им понудиме ревитализирачко возачко искуство, како и интензивирани емоции зад управувачот.“ – изјави г-динот Жан Кристоф Каландот Директорот на Automobiles Peugeot за централна и јужна Европа.

Генералниот увозник за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија - Еуроимпекс, на негово огромно задоволство ги прикажа моделите на Peugeot за кои е сигурен дека ќе бидат вистинскиот избор за потенцијалните клиенти, со посебен акцент на SUV класата на возила.