За Ваша сигурност
На производ со врвна технологија, потребно му е врвно одржување.
Во врска со редовното одржување на Вашиот автомобил Ви препорачуваме првиот контролен сервис да го направите на 2.500 km или по три (3) месеци од купување на возилото, првиот сервис на 10.000 km и секој нареден на секои наредни 10.000 km или еднаш годишно доколку не се изминати предвидените километри. (На првиот сервис бесплатна е само работната рака, материјалот го плаќа купувачот). Овие сервисни интервали се во согласност со најновите препораки на производителот за пролонгирано одржување на Вашето возило.
Ви благодариме на довербата што ни ја укажавте купувајќи го Вашиот нов Peugeot автомобил, кој е дизајниран да ги задоволи сите Ваши барања за комфор, сигурност и потрошувачка.
Со надеж дека во потполност ќе одговориме на Вашите потреби и барања, Ви стоиме на располагање и Ви посакуваме добар пат!
