Дoговорна гаранција

Договорната гаранција е двогодишен гарантен период обезбеден од страна на произведителот.

 dogovorna  info lupa

ГАРАНЦИЈА НА БОЈА

Како додаток на договорната гаранција производителот на Peugeot возилата гарантира за секој дефект на оргиналната боја на возилото. Оваа гаранција на боја е валидна од датата на испорака напишана во сертификатот за гаранција која му е дадена на клиентот во согласност со термините и условите одредени во сервисната книшка.

  • 3 (три) години за сите патнички возила
  • Период на договорна гаранција т.е 2 (две) години за сите комерцијални возила.
 dogovorna lupa

ГАРАНЦИЈА ОД КОРОЗИЈА

Во прилог на договорната гаранција, прозиводителот на Peugeot возилата ја гарантира секоја перфорација предизвикана од корозија од внатрешноста кон надворешноста, од датата на испорака впишана на гаранцискиот сертификат кој му е даден на клиентот во согласност со термините и условите одредени во сервисната книшка.

  • 12 (дванаесет) години за сите патнички возила
  • 5 (пет) години за комерцијални возила.
 dogovorna info

ДОГОВОРНАТА ГАРАНЦИЈА ПОКРИВА

  • бесплатна поправка или замена на делови за кои произведувачот или неговиот застапник утврдил дека се неисправни, а со тоа поправката или замената да се направи со нови делови
  • трошоци за отстранување на дефектот на местото каде што се случил самиот дефект или пак трошоците за влечна служба до 100 километри одaлеченост од најблиското сервисно место на мрежата Peugeot, доколку дефектот под гаранција се случил во земјата во која произведувачот, Automobiles Peugeot, има овластен застапник.

Овие приложени правила важат само доколку Вашето возило е под гаранција во периодот кога ќе се случи дефектот.

Во случај на продавање на Вашето возило Ве молиме да пополните образец во кој ќе ги наведете податоците за новиот сопственик и ќе го доставите на нашата адреса „Трета Македонска Бригада“ бр 72, 1000 Скопје.