Peugeot возилата со 5 години гаранција!

На 01.12.2014 година стартуваше гарантниот период од 5 години. Гаранцијата за Peugeot возилата е во важност 60 месеци или 100.000 изминати километри.

За време траењето на гаранцискиот период на клиентот ќе му биде достапна и услугата за транспорт на возилото во случај на дефект на пат и тоа 24 часа, 7 дена во неделата, вклучувајќи викенди и државни празници на ниво на Р.Македонија.

Ние се грижиме за нашите клиенти од првичниот контакт, па низ сите останати фази. Покрај најголемата продажно-сервисна мрежа во Македонија, специјални финансиски услови за продажба, високо-обучен продажен персонал, сервисни експерти и оригинални резервни делови, сега на корисниците на Peugeot возилата им обезбедуваме и вредност повеќе.

За сите веќе купени Peugeot возила, на корисниците им даваме есклузивна можност да клиентот договорната гаранција ја надогради со продолжена гаранција. Со ова се опфатени сите возила кои немаат изминато повеќе од 30.000 km и не е изминато повеке од 18 месеци од нивното купување.

Сето ова го правиме со цел да корисниците на Peugeot возилата им обезбедиме што е можно поголеми бенифити, а како некои позначајни може да се издвојат:

  • големата Peugeot сервисна мрежа на услуга на клиентите. Повеќе од 6.000 Peugeot сервисни центри во 39 Европски земји
  • безгрижност со контролиран буџет
  • сервисни операции препорачани од Peugeot
  • како и продолжена и сигурна вредност на купеното Peugeot возило, како аргумент повеќе при повторна продажба.

Општо е познато дека секое возило има три фази низ кои минува и вредносно се одредуваат како: цена на возилото при купување, вредноста при одржување и вредноста на возилото која ќе ја има во моментот на повторна продажба. Со гаранцискиот период од 5 години, корисникот на Peugeot возило добива сигурна вредност која буквално ќе го следи низ сите фази.

  4g  info

Услови за примена


За да не би дошло до прекин на гаранцискиот период потребно е почитување на следните услови за време на целиот период на Договорот:

  • Возилото мора да биде регистрирано во земјата каде е потпишан Договорот за цело време на траење на Договорот.
  • Возилото мора да биде користено и одржувано согласно со посочувањата дадени во Упатството за одржување на возилото. Овие упатства се наоѓаат во документите за возилото кои сопственикот ги добива во моментот на превземање на новото возило.
  • Операциите на сервисирање и преглед на возилото наведени во упатството за користење мораат да бидат внесени во сервисната книшка.
  • Исправното ниво на течности и масла мора постојано да се одржува.
  • Само Peugeot овластената продажно-сервисна мрежа во Р.Македонија е овластена да интервенира во склоп на Договорот.
 5 god   info

Технички интервенции


  • Замена или поправката на механичките, електричните и електронските компоненти, односно делови кои го спречуваат нормалното користење на возилото во согласност со упатството за користење на возилото. Сите останати делови на возилото, кои се оштетени како последица на дефектите на горенаведените делови, ќе бидат заменети или поправени под исти услови.
  • Новите или сервисираните делови можат да бидат вградени во склоп на овие операции, по одлука на Еуроимпекс ДОО Генерален увозник на Peugeot за Македонија или нивен овластен представник.
  • Заменетиот дел врз основа на Договорот, станува сопственост на Еуроимпекс ДОО Генерален увозник на Peugeot за Македонија.

Трошокот од интервенциите превземени поради отстранување на дефекти кои се дефинирани со гарантните услови во периодот на продолжената гаранција, а кои треба да се извршат во овластен сервис нa Peugeot вон Р.Македонија, потписникот нема да биде во можност да ги рефундира средствата доколку претходно не добие писмено одобрување од одговорното лице од страна на продавачот или Генералниот увозник.

 4 godini info

Помош на пат за транспорт на возилото во дефект


Во случај на дефект, кога возилото не може да се движи поради механички, електрични или електронски дефекти покриени со Договорот, услугата за транспорт на возилото потписникот / возачот може да ја користи со едноставен телефонски повик кон продавачот или Генералниот увозник.

Оваа услуга е на располагање 24 часа на ден, секој ден од годината, вклучувајќи ги саботите, неделите и државните празници на територија на Р.Македонија.

 garancija  info

Услуги кои 5 годишната гаранција не ги покрива


Договорот не покрива:

  • Замена на делови подлежни на нормално абење и трошење во зависност од начинот на користење и изминатите километри. Ова особено се однесува за: плочки на предни и задни сопирачки, облоги на задни сопирачки, предни и задни дискови на сопирачки, пневматици, квачило, ремени, батерии (акумулатори), метлички на бришачи, сијалици, батерии и осигурувачи, свеќички, предни и задни амортизери, напречни водилки (рамења), спони, делови од издувен систем, лежишта на тркала, тапацири и тн.
  • Замена, монтажа, сервисирање или поправка на дополнителната опрема која е вградена во возилото ниту пак ги покрива последиците доколку таквата опрема е украдена.
  • Работа изведена вон Peugeot овластената продажно-сервисна мрежа во Р.Македонија и последиците од таквата работа.
  • Одржување и сервисни операции потребни за конкретно функционирање на возилото, додавање на адитив и замена на филтер за честички и замена на потрошни делови како што се: филтер за масло, филтер за воздух и филтер за полен.
  • Адитивни производи.
  • Губење на заработувачка поради неподвижност на возилото.
  • Интервенци на каросеријата и во просторот за патници. Договорот не вклучува чистење и санацијата на облогите и навлаките, ниту пак редовните контроли против корозија.
  • Кршење или оштетување на прозорците, предните и задните светлосни групи, ретровизори, губење на клучеви, раткапни ниту пак далечинскиот управувач.
  • Штети на елементите поради грешка во возењето, несреќа, кражба, обид за кражба, пожар, вандализам или природна катастрофа.
  • Поправки кои се потребни поради негрижа, грешка во возењето, неправилна употреба на возилото (преоптеретување, дури и привремено, мотоспорт и слично) или поради непочитување на операцијата на сервисирање во склад со препораките на производителот наведени во упатството за возилото.
  • Заптивки (кедери) на врати.
  • Дополнување на течност за миење на стакла помеѓу двата сервисни интервали.
  • Пневматици и балансирање на тркала.
  • Идентификување на бука, центрирање на тркала и подесување.
  • Промени кои се потребни во согласност со промена на Законот по датата на испорака на возилото.
  • Трошоци кои се однесуваат на храна, телефонски разговори, гориво, паркирање и патарина или евентуални екцеси во осигурување или дополнителни трошоци.
  • Ажурирање на навигациониот систем, замена на озонери во возачката кабина.
  • Било каква набавка на стока или услуги кои не се прецизно опфатени и истакнати со Договорот.