Peugeot е најстариот производител на мотоцикли во светот! Со првиот мотоцикл, произведен во 1898г. до денес, брендот е единствениот производител во светот, кој може да потврди таква богата и интересна приказна во индустријата на две тркала.

ЗОШТО PEUGEOT СКУТЕР

ЗОШТО PEUGEOT СКУТЕР

ИСКУСТВО
Скутерите Peugeot се одликуваат со својот висок квалитет, благодарение на искуството стекнато во текот на својата 110 годишна историја. Авантурата со мобилноста започнува во 1898 година во фабриката во Beaulieu, Côte-d'Or, Франција. Од првиот произведен мотоцикл до најновите 100% електрични скутери, брендот никогаш не престанува да изненадува со својата способност за иновации.

ВАШАТА БЕЗБЕДНОСТ Е НАШ ПРИОРИТЕТ
Иако возењето скутер има големи предности, возачот е постојано изложен на опасностите на патот. Затоа ние никогаш нема да направиме компромис во однос на безбедноста кај нашите скутери. Иновации, квалитет и тестирање, бидејќи вашата безбедност е наш приоритет.

РАЗВИЕНА ДИЛЕРСКА И СЕРВИСНА МРЕЖА
Кога ќе купите Peugeot скутер сигурни сте дека можете да го сервисирате во најблискиот центар во целата земја. Испораката на резервни делови е редовна, за да не морате да чекате при поправката.

2 ГОДИНИ ГАРАНЦИЈА ПРИ НЕОГРАНИЧЕНА КИЛОМЕТРАЖА
Сите Peugeot мопеди и мотоцикли уживаат двегодишна производна гаранција, без ограничување во изминати километри.

НАШИ ВРЕДНОСТИ

НАШИ ВРЕДНОСТИ

ДВИЖЕЊЕ
Големата разновидност на палетата од Peugeot скутери значи дека секој корисник може да најде скутер кој најдобро одговара на неговите потреби во однос на практичност, дизајн, безбедност и ефикасност.

ЕМОЦИИ
Peugeot ја споделува страста на фановите кон моторите и Ве поканува да го истражувате светот околу вас на скутер и да уживаат во уникатно и неконтролирано чувство за слобода.

ДИЗАЈН
Дизајнот на Peugeot скутерите e поддржан од долгогодишното искуство на францускиот производител. Секој човек може да најде во нашата палета скутер кој ја одразува неговата личност.

ПОСВЕТЕНОСТ
Нашиот постојан стремеж кон иновации не насочува кон создавањето на урбаната мобилност на иднината, додека во исто време се адаптира кон сегашните барања на пазарот.