Istorija

ИСТОРИЈА

Во 1882 Armand Peugeot започнува со производство и продажба на велосипеди, а три години подоцна прави фабрика за нивно производство. Во 1889 ги изложува првите парни трицикли на Светската изложба во Париз.

Првиот мотоцикл е произведен 1898 во фабриката во Болио. Новите модели брзо стекнуваат популарност и почнуваат да постигнуваат рекорди. Во 1914 еден НР, двоцилиндер, V облик ја добива трката за брзина со 122 км / ч. Освојувајќи победи на најпрестижните натпревари како "Grand Prix of the Nations ", во 1924, а во 30-те години доаѓа ерата на големите цилиндри со моделот 515, кој во 1934 постигнува 9 светски рекорди.

По војната, во 60-тите години, мотоциклите го отстапуваат местото на мопедите. Успехот е извонреден и само во 1973 Peugeot продаде над 550 000 мопеди од познатото семејство "100".

Ерата на скутери настапува во 1982, кога Peugeot го лансира својот прв модел од новата генерација со пластична рамка. Револуционерниот мотор го забрзува развојот на пазарот и скутерите стануваат репер за градско возило. Во следната деценија Peugeot создава успешно SV и станува прв производител кој на пазарот го лансира ЕЛЕКТРИЧНИОТ скутер - Scoot'Elec од 1996 година, а во 2010 брендот го пласира на пазарот и електричниот E-Vivacity.