peugeot_scooters_kisbee

Kisbee - скутер кој го обои градот

Создаден специјално за градот, тој е мал и симпатичен, компактен и економичен. Неговото име е Kisbee и еден од новите дополнувања во палетата Peugeot. Неговата извонредна понуда не остава никого рамнодушен, особено клиентите кои имаат потреба од убав, сигурен и удобен скутер со добра цена за своето секојдневие.

Kisbee е функционален и лесен за користење и се одликува како со компактни димензии, така и со голем багажен простор. Извонреден багажник за категоријата кој одговара на секоја интегрирана кацига. Правиот под е погоден за превезување кабасти предмети. Куката за чанти и куките за кациги (2) ги надополнуваат карактеристиките на скутерот, додека најбарана е дополнителната кутија со обем 30 или 34 литри.

Kisbee е пријатен за управување и лесен (85 кг), но исто така удобен и сигурен. Високото ниво на ергономија гарантира удобност на секој возач, независно од неговата висина . Помеѓу седиштето и подот има близу 45 см растојание кое обезбедува природна положба на телото. Патникот не се чувствува помалку добро, бидејќи двојното седиште е доволно меко, а и има две скали на склопување, исклучителен изговор за категоријата.

Однесувањето на пат на Kisbee е беспрекорно, благодарение на 12 " тркала и диск сопирачки со дијаметар 170 мм. Тој располага и со трепкач, нешто што дури ни највисоката класа не секогаш го нуди.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

peugeot_scooters_kisbee
КАРАКТЕРИСТИКИ
Вкупна должина(mm) 1854
Широчина на рачките(mm) 664
Висина на седиштето(mm) 760
Меѓуоскино растојание(mm) 1256
Тежина(kg) 85
Предна суспензија Хидраулична виљушка 27 mm
Задна суспензија Хидрауличен амортизер
Предна сопирачка Диск 170 mm
Задна сопирачка Барабан со дијаметар 110 mm
Предна гума 110/70-12
Задна гума 110/70-12
МОТОР
Тип Моноцилиндричен 4-тактен
Зафатнина (cm3) 49,9
Ладење Воздушно
Напојување Карбуратор
Трансмисија Вариатор
Моќност 3.4 к.с (2.7kW)
ОПРЕМА
Командна табла, место за кацига – голем багажник под седиштето, касета, кука за торба, џеб, имобилизатор со транспондер.
Зафатнина на резервоарот  6,5l

ОТКРИЈТЕ ГО И