peugeot scooters Metropolis

Плод на соработката меѓу Автомобили Peugeot и Peugeot Scooters, Peugeot Metropolis го концентрира целото искуство на Брендот, комбинирајќи ги предностите на возилата и на скутерите.

Истовремено стабилен и безбеден, сигурен и удобен, ефикасен и функционален, овој скутер ја презентира модерната визија за нова мобилност во 3 димензии.

peugeot_scooters_METROPOLIS

Неповторлива естетика

Одликувајќи се со идеални пропорции, Peugeot Metropolis воведува динамика, модернизам и квалитет преку пловечките линии, аеродинамичната силуета и елегантно користење на материјалите. Peugeot Metropolis не може да го сокрие своето потекло. Доволно е да се погледнат издолжените хромирани фарови и издадената предна решетка, карактеристични за новите модели на брендот. Двете предни тркала му даваат непогрешлива дефиниција од светот на возилата.

Сместена под светлата, решетката го осветлува предниот дел сокривајќи го горниот дел на предната осовина и давајќи му индивидуалност на скутерот. Peugeot Metropolis е модерен и технички, за што сведочат најмоќните халогени светла 2х55W и LED диодите во секој од двата блока, како и трепкачите свртени на надвор. Светлата му придаваат неповторливост и технологија.

Задните светла на браникот исто располагаат со LED диоди, монтирани меѓу двете светла- водичи кои потсетуваат на траги. И тука Лавот е направен од хром и полиран алуминиум и го украсува капакот како скапоцен камен. Слично на останатите модели на брендот, Peugeot Metropolis ги користи материјалите за да сугерира, комбинирајќи го сјајот на седеф, металот и хромот.

Емоција во движење

Peugeot Metropolis поседува исклучителни динамички квалитети и нуди нови емоции на патот. Вистинско технолошко дело, предната оска Twin Tilting Wheels (TTW ™) на Peugeot Metropolis има ромбоидна форма со двојно деформабилни носачи, чија архитектура потсетува на фина механика и овозможува симнување на центарот на гравитација и подобра распределба на оптоварувањето. Комбиниран со две динамични рампи и суспензија со единечен хидрауличен амортизер, овој мост располага со независна суспензија на тркалата и функција за електронско блокирање на наклонот при мала брзина.

Изработката на елементите на суспензијата од алуминиум, вбризгување под притисок, има двојна предност: повеќе сила и намалување на пролизгувањето што го олеснуваат управувањето и ја олеснува контролата над возилото. Овој иновативен преден мост гарантира исклучиво однесување на патот. Компактната архитектура е компатибилна со целосно рамен под, премиер во сегментот.

Peugeot Metropolis е многу репрезентативен, но и неверојатно компактен со должина, ширина и меѓуоскино растојание, споредени со Satelis. Ова, заедно со иновативни технички решенија, го прави многу ефективен во градот.

Peugeot Metropolis располага со 3 диск сопирачки (предни 2х200 мм / задна 240 мм) и интегрален систем за сопирање SBC (Synchro Braking System), управуван за поголема ефикасност и концептот на Peugeot за сопирање, преку левиот лост за сопирање. Особеноста на овој скутер на 3-тркала е педалата, задолжителна за категоријата на возила со три тркала, која исто така го контролира интегралниот систем за сопирање.

Повикан да се движи во големите градови, Peugeot Metropolis користи асферични ретровизори за видливост наназад, чија конвексна површина го отстранува мртвиот агол и овозможува посигурно управување.

Инстинкт за иновација

Peugeot Metropolis е збир на корисни технологии кои имаат за цел да ја подобрат удобноста и безбедноста на возачот и совозачот. Извонреден елемент е недостатокот на стартер и брава: крај на традиционалниот клуч, Peugeot Metropolis располага со електронски клуч Smart Key кој се препознава штом возачот се наоѓа во радиус од 150 см. За да тргне е доволно да се отклучат рачките, да се деблокира електронскиот систем, свртете го копчето, кое го заменува стартерот, и да се запали моторот кога ќе притиснете истовремено на копчето START и рачката на сопирачката.

Имплицирана од премиум моделите на брендот, електричната сопирачка за паркирање го опремува и Peugeot Metropolis. Таа се наоѓа во средината на рачките, лесно достапна и се активира со притискање со прст.

Командната табла, од која не би се срамела која и да е лимузина, се одликува со исклучителен баланс. Екран на допир помеѓу брзиномерот и тахографот ја вклучува функцијата за контрола на притисокот во секоја гума, како и индикации за просечната потрошувачка, минималната и преостанатата автономија. Покрај тоа, инструмент таблата има подготовка за GPS. И уште нешто : копчето ва предупредување (warning) почнува да свети по негово активирање.

Широкото термо ветробранско стакло има ексклузивен систем за регулирање на наклонот со неколку положби (потег од 130 мм), а со тоа да понуди оптимална заштита. Само со едно притискање и само за 5 секунди возачот може да го наклони или исправи ветробранското стакло. Едноставно и лесно!

peugeot_scooters_METROPOLIS

Погодност и ефикасност

Истовремено автомобил и скутер, Peugeot Metropolis не прави компромис ниту со удобноста, ниту со високите технички показатели. Тој е опремен со новиот мотор на Марката 400i LFE со мало триење, развива моќност од 37.26 КС и вртежен момент од 38 Nm. И покрај големината, Metropolis може да се движи со 160 км / ч и е речиси подеднакво пргав кога е само со возач или со патник.

Исклучително удобен, Peugeot Metropolis создава чувство на леснотија на управување уште со седнувањето бидејќи седиштето му е високо едвај 780 мм. Освен со регулирање на ветробранско стакло, возачот располага и со можност за регулирање на потпирачот напред и назад со потег од 40 мм, за да си обезбеди оптимална поддршка на телото.

Кога светлото на семафорот е црвено, системот за блокирање на наклонот на предната оска TTWconcept кој се активира при многу ниска брзина, му овозможува на скутерот да се стабилизира сам при сопирање, кое го заштедува потпирањето на ногата на возачот. За поголема удобност, патникот исто така има потпирач за грб, држачи и ергономско виткање на скалата. Покрај тоа, Peugeot Metropolis нуди заден багажник со капак и осветлување, во кој можат да се стават интегрирана кацига и голема кацига со екран, лаптоп или тениски рекет. За дополнителна удобност, со едно притискање на копчето во предниот панел се добива пристап до преградата под седиштето, а задниот багажник се отвора со копче во задниот лев дел на скутерот. Во задниот панел има касета со 12V контакт за полнење на мобилен телефон.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

peugeot_scooters_METROPOLIS_400cc
КАРАКТЕРИСТИКИ
Вкупна должина(mm) 2152
Ширина на рачките(mm) 775
Висина на седиште(mm) 780
Меѓуоскино растојание(mm) 1500
Тежина(kg) 256
Предна суспензија D TW концепт со единечен хидрауличен амортизер
Задна суспензија Прилагодлив двоен хидрауличен амортизер 4 позиции
Предна сопирачка Диск 2 х 200 mm
Задна сопирачка Диск 240
Предна гума 2 х Tubeless 120/70-12
Задна гума Tubeless 140/70-14
МОТОР
Тип Моноцилиндричен 4-тактен, 4 клипа
Зафатнина (cm3) 399
Ладење Водено
Напојување Електронско вбризгување
Моќност 27,4kW
Вртежен момент 38,1 Nm при 5500 вр/мин
Дијаметар Х oд 84 х 72
ОПРЕМА
Аналогна борд табла, место за кацига, кутија за ракавици, кука за торба, џеб, имобилизер со транспондер
Зафатнина на резервоарот  13,5 л

ОТКРИЈТЕ ГО И