peugeot_scooters_speedfight
peugeot_scooters_speedfight

Speedfight 4 Peugeot scooters оживеана легенда

Со повеќе од половина милион продадени примероци во светски размери, овој спортски модел од 50 cc гледа напред кон 2017 година со сосема нова визија и подобра опрема за пософистицирани чувства.

Speedfight - провокативно име, тесно поврзана со историјата на Peugeot scooters.

Во 1996 година брендот на лавот ја презентира за прв пат својата верзија на спортски скутер. По 20 успешни години Peugeot scooters ја лансира 4-тата серија на најдобро продаваниот спортски модел кој создава револуција на пазарот со стилот и техничката изведба.

Водечки скутер од 50 cc во Франција и број два во продажба во Европа, Speedfight продолжува да добива удел на пазарот. Peugeot scooters стекнува уникатно искуство во овој сегмент и го внесува во нов невиден производ кој е уште поелегантен, рефлектирајќи емоции и искуството на одделот за дизајн на брендот. Стилот значително еволуирал , како и опремата - речиси сè е ново на Speedfight 4.

Speedfight со S како стил

Спортско излагање во чиста форма. Има остар хипнотички поглед со пропелер фарови. Наизменично остри линии и меки форми, инспириран од концептуален автомобил и го носи спортскиот ген на Peugeot. Мешавина од агресија и елеганција, чистокрвен Французин кој природно зазема позиција во спортскиот премиум универзум. Прецизност во детали и со држач од еден крај до друг, новата каросерија на Speedfight комбинира импресивна мешавина на материјали и бои, постигнувајќи перфектен баланс помеѓу софистицирана масивност на задниот дел и деликатните ретровизори преку нивните фини рачки.

peugeot_scooters_speedfight_640x480_asfalt

Speedfight S како аСфалт

Атлетскиот Speedfight 4 нуди нови чувства. Ова е потврдено од страна на ергономската позиција на возачот, ја гарантира неговата удобност и задоволство. Централниот столб со резервоарот го намалува центарот на гравитација, a архитектурата на армирана рамка комбинирана со 32мм предна виљушка обезбедува подобра стабилност и однесување на патот.

Во однос на карактеристиките, новиот Speedfight e опремен со два типа на мотор од 50cc. Првиот е 2- тактен, со опција за воздушно или водено ладење. Во верзијата со воздушно ладење новиот карбуратор Dell'Orto значително ги подобрува карактеристиките бидејќи вртежниот момент е зголемен за 10%, од 4,2 на 4.6Nm. Во верзијата со водено ладење моќноста е зголемена на 4kW, во споредба со 3,8 kW , а вртежниот момент со 15% повеќе, зголемен од 4,8 Nm до 5.5Nm.

Ориентиран кон динамика, новиот Speedfight не заборава на безбедноста, приоритет на брендот Peugeot. Според овој показател Peugeot го обезбедува најдоброто на пазарот со 215 мм максимални диск сопирачки од типот Shuricane, опремен со моќен 4-ри клипен систем на сопирање и кај двете верзии - со водено и воздушно ладење. Во задниот дел основната верзија со воздушно ладење пристигнува со ефективен 100 мм барабан, додека верзијата со водено ладење има 190мм диск сопирачки.

Новиот Speedfight S како Супер опремен

Кон спортскиот темперамент, новиот Speedfight додава целосно нова опрема на спортскиот сегмент. Има многу детална дигитална командна табла, однапред опремена со USB за користење на smartphone и излез 12V како стандардна опрема овозможувајќи им на возачите да останат поврзани.
Богатата палета започнува од основната верзија Стилизирана во "Coupe franche" принципот на естетската контраст каде црниот заден дел е контраст на бојата на предницата. Првенствено се користи за спортски автомобил кај 208 GTI, овој иновативен стил се нуди во 3 нијанси: зелена Fluo Apple Green, црвена Flat red и сина Bleu france.

СПЕЦИЈАЛНИ СЕРИИ

peugeot_scooters_speedfight_640x480_iceblade

ICEBLADE

Со соодветна боја на седиштето, хромиран праг, црвени линии по каналите за воздух и шавовите во црвена боја во контраст на црните наплатки, оваа верзија, целосно во бело, носи спортски квалитети на врвното ниво.

peugeot_scooters_speedfight_640x480_darkside

DARKSIDE

Darkside е најагресивен и истовремено најразличен меѓу специјалните серии со својот целосно црн мат дизајн, темен изглед, челичен праг и тапацир на седиштето, кој потсетува на тркачките патеки.

peugeot_scooters_speedfight_640x480_pure_specia

PURE

Инспирирана од мотоциклите од високата класа, оваа специјална серија покажува дека спортот и елеганцијата се совршено компатибилни. Со златни детали околу светлата и рамката, и 13 инчни бандажи во златна боја, Pure е олицетворение на убавината во чиста форма.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

peugeot_scooters_speedfight
КАРАКТЕРИСТИКИ
Вкупна должина(mm) 1895
Широчина со рачките(mm) 700
Висина на седиште(mm) 800
Меѓуоскино растојание(mm) 1296
Тежина(kg) 100
Предна суспензија Хидраулична виљушка 32 mm
Задна суспензија Хидрауличен амортизер
Предна сопирачка Диск Shuricane 215 mm
Задна сопирачка Диск 190 mm / Барабан 110 mm
Предна гума 130/60-13
Задна гума 130/60-13
МОТОР
Тип Моноцилиндричен двотактен
Зафатнина (cm3) 49,9
Ладење Водно / воздушно
Напојување Со карбуратор Dell`Orto
Трансмисија Со јаже
ОПРЕМА
Спортски издувен систем со двонасочен лонец, дигитална табла, багажник под седиштето за интегрирана кацига, USB и контакт 12 волти, заден спојлер, фар со двојна леќа 35W

ОТКРИЈТЕ ГО И