peugeot scooters tweet

Tweet Evo: паметен скутер со големи тркала

Кога Tweet се појави за првпат на пазарот, веднаш ги привлече луѓето, кои бараа лесен, удобен и економичен скутер. До денес, овој скутер стана важен член од палетата на Peugeot Scooters.

Како основен скутер со големи тркала, Tweet Evo се нуди во верзија со воздушно ладење: 50 кубика. Ова возило е главно за градска средина поради своите компактни димензии и е наменет за мажи и жени меѓу 20 и 45 години, кои живеат во градот и им треба поефикасно средство за брзо движење на кратки растојанија во секое време од денот.

Опција Tweet Evo со мотор од 50-кубика тежи точно 100 кг. Тоа значи дека скутерот е исклучително адаптивен и се справува со сообраќајот по неверојатно флексибилен начин. Тој е многу економичен со потрошувачка на гориво не повеќе од 3,5 l / 100 km, што го прави одржувањето исклучително евтино.

Скутерот е многу лесен, а компактните димензии се одлична предност во градска средина: долг е само 2 метри а широк 70 cm, а меѓуоскиното растојание е помалку од 1,35 метри, , што значи дека е силно маневрирачки и може да го надмине сообраќајот кој би ги сопрел останатите возила. Со овој скутер ќе го видите градот од друга гледна точка, особено во однос на комфор, благодарение на 16-инчни тркала, кои се идеални за стабилно возење и непречено надминување на нерамни патишта.

И сепак удобноста не се исцрпува само со ова: Tweet Evo е опремен со рамен под, обезбедува максимално слободен простор за нозете и му овозможува на возачот да се качи на скутерот без да го премине седиштето. Освен тоа овозможува пренесување на релативно обемни предмети кои не се вклопуваат во багажникот под седиштето, наменет за џет кацига.

Првата опција на Tweet Evo претставуваше целосно завршен производ, кој по обновувањето нуди уште повеќе опрема и совршен дизајн:
• Предниот дел е целосно обновен: од предниот фар до крилата и предната маска, на која е поставен новиот лав. Линиите на Tweet Evo се поостри и придаваат повеќе карактер, следејќи ги новите естетски стандарди на брендот. Тоа се гледа најмногу во новото лого и претставувањето на информациите на командната табла.
• Дизајнот на седиштето е надградено со двојни шевови. Тоа доаѓа во три бои во зависност од бојата на каросеријата.
• Што се однесува до техничкиот дел, Tweet Evo е опремен со нов заден амортизер со 3-степена регулација (не се нуди во варијанти со мотор од 50-кубика) со прилагодувања за еден возач и возач + патник и странична скала.

Со неговото решение, модерен дизајн, пет бои, вклучувајќи и ја новата нијанса на боровинка, неверојатна практичност, ниско седиште, ограничено до само 770 mm, и исклучително атрактивната цена со ниски трошоци за одржување, Tweet Evo нуди извонреден сооднос помеѓу цената и моќност, а тоа го рангирана меѓу најдобрите возила на пазарот.

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

peugeot_scooters_tweet
КАРАКТЕРИСТИКИ
Вкупна должина(mm) 2000
Ширина на рачките(mm) 690
Висина на седиштето(mm) 800
Меѓуоскино растојание(mm) 1330
Тежина(kg) 100
Предна суспензија Телескопска виљушка
Задна суспензија Хидрауличен амортизер
Предна сопирачка Дискови - 226 mm
Задна сопирачка Барабан - 130 mm
Предна гума 90/80-16
Задна гума 90/80-16
МОТОР
Тип Моноцилиндричен 4-тактен
Зафатнина (cm3) 50
Ладење Воздушно
Напојување Со карбуратор
Трансмисија Со вариатор
ОПРЕМА
Аналогна борд табла, место за кација, кутија за ракавици, кука за торба, џеб, имобилизатор со транспондер.
Зафатнина на резервоарот  4,8 l

ОТКРИЈТЕ ГО И