
Peugeot спорт
Спортските успеси на Peugeot се доказ за неговата историска вредност како и за посветеноста на брзите патеки. Долгогодишната вклученост на Peugeot во FORMULA 1, LE MAN 24, WRC, како и голем број други спортски евенти ширум светот се само доказ на богатата спортска историја. Релито Париз-Руен е првата авто-мото трка, одржана на 22.07.1894 година. Во конкуренција од 102 возила победи токму Peugeot. Од тогаш, спортските победи на Peugeot никогаш не изостануваат.
За врвните успеси и последни новости во врска Peugeot sport кликнете на следниот линк http://www.peugeot-sport.com/en/home.html
PEUGEOT НА ROLAND GARROS

Автомобилската компанија Peugeot во 1996 година го креираше аматерскиот тениски турнир насловен како PEUGEOT ROLAND GARROS со цел да го круниса својот статус како официјален партнер на Roland Garros.
Peugeot е официјален авто-партнер на меѓународниот тениски турнир Ролан Гарос и во меѓувреме оформи висок степен на соработка со Француската тениска федерација, како и организатор на се попопуларниот аматерски тениски турнир во мешани двојки, кој од Франција се пресели и во другите земји.
Денес овој турнир се одржува на три континенти, а 160 генерални увозници на автомобилите Пежо стекнаа право за организирање на овој турнир во своите земји и повеќе од 40.000 натпреварувачи имаат земено директно учество во натпреварите. Само шест земји оваа година се стекнаа со право да го организираат аматерскиот тениски турнир, меѓу нив и Македонија, каде овој турнир ќе се одржи по трет пат. Аматерскиот тениски турнир во мешани двојки и оваа година, трета по ред, е организиран од страна на Еуроимпекс - генералниот увозник на автомобилите Пежо, и спроведен во соработка со Тенискиот клуб АС.
Натпреварите ќе се одвиваат на 9 и 10 мај (сабота и недела). За регуларноста на турнирот ќе се погрижат тројца судии и претставникот на Хавас Спорт, Ани Флор Серинге, која пристигнува во Скопје утре попладне. Освоеното прво место на овој турнир е навистина престижно - главната награда е патување во Париз и добивање ВИП-третман при посетата на мечевите кои ќе се одиграат на меѓународниот тениски турнир Ролан Гарос.
