БЕЗБЕДНОСТ

Новиот Peugeot 308 е производ на долгогодишното искуство на брендот, што се огледува во врвното однесување на патот во потполна безбедност.

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЦИ

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЦИ

Новиот Peugeot 308 опремен е со 6 воздушни перничиња:
• 2 предни воздушни перничиња кои ја штитат главата и горниот дел на телото на возачот и совозачот при преден удар.
• 2 странични воздушни перничиња кои го штитат возачот и совозачот во случај на страничен удар.
• 2 воздушни завеси напред и назад кои го штитат возачот и патниците при евентуален удар и од напред и од назад.

 

EURO NCAP

EURO NCAP

Покрај намалената маса на возилото, структурата на новото возило Peugeot 308 е оптимизирана за да ја апсорбира максималната енергија на различните видови на удари, а со тоа да се намалат последиците за патниците и останатите учесници во незгодата.


ПРОГРАМ ЗА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА (ESP)

ПРОГРАМ ЗА КОНТРОЛА НА СТАБИЛНОСТА (ESP) ESP ® (програм за динамичка контрола на стабилноста), со уред против пролизгување на тркалата (ASR), преку директна контрола на сопирачките и работењето на моторот обезбедува оптимално држење на пат во случај на пролизгување и корекција на патеката на возилото во рамните на Законот на физиката.


КАМЕРА ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

КАМЕРА ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

Камерата за возење наназад го прикажува она што не можете да го видите зад автомобилот, така да дополнително со звучен сигнал ве предупредува за пречките. Автоматски се вклучува при префрлување во брзина за возење наназад.

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА Највисокото ниво на новиот Peugeot 308 е опремен со електрична паркирна сопирачка. Таа автоматски се активира при гаснење на моторот. Функцијата Hill Assist му помага на возачот при движење на угорнина со автоматско активирање на сопирачките за да возилото не се придвижува наназад.