НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Со редефинираниот облик и динамичниот дизајн, евидентно е дека е посветено огромно внимание на секој детаљ. Новиот Peugeot 308, со својот нов уникатен карактер привлекува сечиј поглед.

ФОРМА И ДИЗАЈН

ФОРМА И ДИЗАЈН

Новиot 308 со својата елеганција и аеродинамичност е дизајниран така да биде и понизок и поширок, воедно наведнат кон предните тркала, со четири извајани линии на хаубата со чие нагласување, погледот полека Ве води кон нашиот суптилен Peugeot знак и новиот драматичен потпис на предните светла.

ЗАДЕН ПРОФИЛ

ЗАДЕН ПРОФИЛ Суптилно обликуван во форма на пирамида, задниот профил на новиот 308 е дизајниран да биде повеќе аеродинамичен. Нагласен со потписот на задните LED светла, правејќи го и задниот дел уникатен. Налик на три LED канџи, оддава почест на првиот 504 Coupé и кабриолет верзиите.


НАЈНОВА LED ТЕХНОЛОГИЈА КАЈ ПРЕДНИТЕ СВЕТЛА

LED

Во предниот дел, тенките LED светла го дефинираат мачкастиот изглед, а одзади, препознатливите три канџи на LED светла го зголемуваат динамичниот изглед на новиот 308. Овие LED светла користат 50% помалку енергија од стандардните предни светла, ја подобруваат ефикасноста и допринесуваат за помала емисија на CO2.

АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ

АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ

Новиот 308 доаѓа со избор на различни наплатки. Верзијата Access доаѓа со 15" челични наплатки, додека стилските алуминиумски наплатки доаѓаат како стандардна опрема на верзијата Active (16"), Allure (17") и Feline (18"). 17" алуминиумски наплатки се опција на верзијата Active и карактеристичните 18" алуминиумски наплатки се достапни како опција на верзијата Allure.

 

ХРОМИРАНИ ДЕТАЛИ

ХРОМИРАНИ ДЕТАЛИ

Прозорците и решетката на новиот 308 се карактеризираат со елегантни и хромирани облоги, давајќи му на екстериерот завршна обработка со висок квалитет. Овие хромирани нагласувања исто така продолжуваат и во внатрешноста на возилото. Екстериерот како стандардна опрема содржи кодирани ретровизори и рачки на вратите во боја на каросерија, давајќи повеќе премиум изглед на целата гама.