ТЕХНОЛОГИЈА

Новиот Peugeot 308 содржи многубројни технолошки иновации кои допринесуваат за поголемо уживање при возење, удобност и безбедност.

ЕКРАН ОСЕТЛИВ НА ДОПИР

ЕКРАН ОСЕТЛИВ НА ДОПИР

Во новиот 308, Peugeot ја претставува новата архитектура на возачкото место: PEUGEOT i-Cockpit, кој допринесува за потполно ново чувство при возење. Минималистичкиот дизајн го истакнува 9,7 инчниот екран осетлив на допир и централно поставените контролни копчиња, инспирација од врвните Hi-Fi уреди од висока класа.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ

Благодарение на потполно електричниот серво управувач, новиот Peugeot 308 дополнително ја намалува емисијата на CO2. Дополнителна предност претставува уште полесно управување во град со исклучително компактен радиус на вртење на новиот 308.

 

ДИНАМИЧЕН CRUISE CONTROL

ДИНАМИЧЕН CRUISE CONTROL

Пребавно или пребргу... Не се грижете за брзината. Само поставете ги контролите на динамичниот cruise control и новиот 308 автоматски ќе се придржува до посочената брзина.


ТЕХНОЛОГИЈА e-HDi Stop & Start

ТЕХНОЛОГИЈА  e-HDi Stop & Start

Моторот e-HDi е опремен со Stop & Start технологија која автоматски го гасне моторот при сопирање и поставување на менувачот во позиција на лер, за да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Повторното покренување на моторот е автоматски и моментално.


ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА

ЕЛЕКТРИЧНА ПАРКИРНА СОПИРАЧКА

Највисокото ниво на новиот Peugeot 308 е опремен со електрична паркирна сопирачка. Таа автоматски се активира при гаснење на моторот. Функцијата Hill Assist му помага на возачот при движење на угорнина со автоматско активирање на сопирачките за да возилото не се придвижува наназад.

 

УРЕД ЗА КОНТРОЛА НА МРТОВ АГОЛ

Благодарение на сензорите во предниот и задниот браник, овој уред Ве предупредува за присуство на друго возило во мртов агол.

УРЕД ЗА КОНТРОЛА НА МРТОВ АГОЛ

КАМЕРА ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

 КАМЕРА ПРИ ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

Камерата за возење наназад го прикажува она што не можете да го видите зад автомобилот, така да дополнително со звучен сигнал ве предупредува за пречките. Автоматски се вклучува при префрлување во брзина за возење наназад.