ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

Новиот 308 со својот смел ентериер базиран на сензитивната технологија и елеганцијата, Ви нуди незаборавно возачко искуство, совршено опремен со интуитивни елементи кои се секогаш на дофат на рака за уште поголемо задоволство на возачот.

PEUGEOT i-Cockpit

PEUGEOT i-Cockpit

Cо новиот 308, Peugeot ја претставува новата архитектура на местото на возачот: PEUGEOT i-Cockpit, кој создава потполно ново чувство при возење. Минималистичкиот дизајн го истакнува 9,7 инчниот екран осетлив на допир и централно поставените контролни копчиња, инспирација од врвните Hi-Fi уреди од висока класа.

DENON Hi-Fi

DENON Hi-Fi

Новиот Peugeot 308 може да биде опремен со врвен Denon Hi-Fi аудио уред* со 8 звучници и кутија за бас. Модерниот дизајн инспириран од аудио уреди од висока класа нагласен е со големо копче за волумен на централната конзола.

* во зависност од изведбата

 

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ

Благодарение на потполно електричниот серво управувач, новиот Peugeot 308 дополнително ја намалува емисијата на CO2. Дополнителна предност претставува уште полесно управување во град со исклучително компактен радиус на вртење кај новиот 308.

ЕЛЕКТРИЧЕН СЕРВО УПРАВУВАЧ
 

ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

ХРОМИРАНИ ДЕТАЛИ

Уникатното решение на Peugeot e повисоката инструмент табла, која овозможува преглед на сите важни информации без да го тргате погледот од патот. Командите на инструмент таблата се со уникатен дизајн и потполна симетрија на двата главни покажувачи, брзинометарот и покажувачот на бројот на вртежи на моторот, кои се движат во спротивни насоки.


КЛИМА УРЕД

КЛИМА УРЕД Автоматскиот двозонски клима уред кај верзиите Active, Allure и Feline на новиот 308 значи дека Вие истовремено можете да имате студен воздух, додека Вашите патници уживаат поголема топлина или обратно. Контролата на клима уредот автоматски ги одржува двојно поставените температури или истите можете да ги прилагодите сами преку екранот осетлив на допир.


ПАНОРАМСКИ КРОВ

ПАНОРАМСКИ КРОВ Панорамскиот стаклен кров го зголемува осветлувањето во внатрешноста на кабината, а со тоа и уживањето на возачот и патниците. За обезбедување на дополнителна удобност, панорамскиот кров можете да го затворите со електрична ролетна која врши филтрирање на 95% на надворешното светло.


СЕДИШТА

СЕДИШТА Новиот 308 доаѓа со нови висококвалитетни седишта кои Ви обезбедуваат удобно сместување во возилото и беспрекорен комфор за време на возењето. Седиштата се обложени со различен тип на врвни материјали во зависност од нивото на опременост.