БЕЗБЕДНОСТ

Мониторинг за мртов агол, камера за возење наназад, електронски програм за стабилност (ESP), услугата Peugeot Connect SOS and Assistance - помош на пат се само дел од понудата на стандардна и дополнителна опрема што го прават новиот Peugeot 508 исклучително безбедно возило.

ЕЛЕКТРОНСКИ ПРОГРАМ ЗА СТАБИЛНОСТ (ESP)

ESP

Новиот Peugeot 508 доаѓа со најновата генерација на електронски програм за стабилност (ESP) кој е во состојба да ги открие и најмалите знаци на пролизгување и помага при намалување на прекумерното управување. Го одржува правецот на возилото со намалување на силата на моторот и сопирање на секое тркало поединечно.

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Вашата безбедност Peugeot 508 ја става на прво место. За неа ќе се погрижат 6 воздушни перничиња кои доаѓаат во сериска опрема на сите изведби - две напред, две покрај возачот и совозачот и две странични воздушни перничиња.


КАМЕРА ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

КАМЕРА ЗА ВОЗЕЊЕ НАНАЗАД

Дури и во тесни простори, паркирањето на новиот Peugeot 508 е лесно со помошна камерата за возење наназад. Таа се активира автоматски штом го изберете степенот за возење наназад. На мултифункционалниот екран во боја ќе добиете приказ на она што е позади Вас. Ви помага да возите безбедно во било која ситуација. Достапно како опција во Active изведбата односно како стандардна опрема кај Allure и GT изведбите.

 

ДЕТЕКЦИЈА НА МРТОВ АГОЛ

ДЕТЕКЦИЈА НА МРТОВ АГОЛ

Со сензорот за мртов агол, новиот Peugeot 508 ќе Ви даде многу предупредувања за тоа дали има нешто на Вашиот пат при маневрирање. Достапен како опција во Allure и GT изведбите.


PEUGEOT CONNECT SOS & ASSISTANCE - СИСТЕМ ЗА ПОВИКУВАЊЕ НА ПОМОШ НА ПАТ

PEUGEOT CONNECT SOS & ASSISTANCE - СИСТЕМ ЗА ПОВИКУВАЊЕ НА ПОМОШ НА ПАТ

Peugeot Connect SOS автоматски ќе ја извести службата за итна помош на пат дали сигурносните појаси или воздушните перничиња во Вашиот нов Peugeot 508 се активирани. Исто така точно ќе ја одреди Вашата локација.