НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Новиот Peugeot 508 претставува современ, спортски и нагласен редизајн. Со моќен мачкаст изглед, иновативна и современа опрема, како што е 7" мултифункционален екран во боја осетлив на допир и алуминиумските наплатки, новиот Peugeot 508 претставува дефиниција за стил, комфор и задоволство во возењето.

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

ДИНАМИЧЕН ДИЗАЈН

Динамички дизајниран за понагласено, повпечатливо и вистинско уживање во возењето. Новиот Peugeot 508 е прв во гамата кој се карактеризира со статусниот симбол Peugeot лавот, поставен централно на предната украсна решетка. Уникатните и препознатливи за брендот мачкасти Peugeot предни светла се задолжени за силниот впечаток кој новиот Peugeot 508 го остава на патот.

LED ДНЕВНИ СВЕТЛА

LED ДНЕВНИ СВЕТЛА

Тенките LED светла напред како и на заднот дел на возилото го создаваат мачкастиот изглед карактеристичен за Peugeot. Користат 50% помалку енергија од стандардните светла, ја зголемуваат ефикасноста и допринесуваат за намалување на штетната емисија на CO2. Светлата со Full LED технологија се стандардна опрема во Аllure и GT изведбите.


ЗАДЕН ДЕЛ

ЗАДЕН ДЕЛ 1 ЗАДЕН ДЕЛ 2

Новиот Peugeot 508 се истакнува со редизајниран и реструктуиран заден браник додавајќи му на возилото стил и моќ. Модерните Peugeot светла со ефект на три канџи го надополнуваат мачкастиот изглед што го прави новиот Peugeot 508 елегантен и импресивен на патот, во секое време од денот.

АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ

АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ1 АЛУМИНИУМСКИ НАПЛАТКИ 2

Во зависност од изведбата која ќе ја изберете, Вашиот нов Peugeot 508 може да биде опремен со 16",17" или 18" алуминиумски наплатки во Active и Allure изведбите и 19" алуминиумски наплатки во GT изведбата.