ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ДИМЕНЗИИ

ДОЛЖИНА ВИСИНА ШИРИНА

EAT6 АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

EAT6 АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

Автоматскиот менувач кој е на располагање кај верзиите Allure и GT на новиот 508 ги надополнува предностите на водечката технологија во класата на ова возило, дополнувајќи го искуството на возење со уживање и леснотија.


БЕНЗИНСКИ МОТОР 1.6 THP 165 S&S

БЕНЗИНСКИ МОТОР

Новиот 508 го инаугурира новиот Euro 6* 1.6 L THP 165 КС Stop & Start BVM6 или BVA6 бензински мотор поврзан со механички 6 брзински менувач или опремен со новиот автоматски ЕАТ6 брзински менувач. Овој нов 165 КС мотор овозможува намалена емисијата на CO2 од129 g/km (BVM6).

*Euro 6 е европски стандард кој има за цел да ја намали емисијата на загадување.

 

BLUE HDi МОТОРИ

BLUE HDi МОТОРИ

BlueHDi е име дадено на најновата генерација на Peugeot дизел моторите. Резултат на светски познатото дизел наследство дополнето со иновација и инженерска извонредност, развиени на патеката Le Mans, BlueHDi моторите се во согласност со Euro 6 стандардите и се одликуваат со исклучителна моќност и перформанси, економична потрошувачка на гориво како и ниска емисија на CO2.

Всушност, 2.0 L Blue HDi 150 КС BVM6 мотор, кој регистрира емисија на CO2 од само 105g/km во верзијата лимузина или караван, претставува атрактивна понуда во сегментот.

Слично на тоа, новата верзија на 2.0 L Blue HDi 180 КС ЕАТ6 мотор во верзија лимузина со CO2 од 111 g/km, претставува еден од најдобрите компромиси на моќност / потрошувачка во сегментот.