ТЕХНОЛОГИЈА

Иновативната технологија во новиот Peugeot 508 го прави полесно и поедноставно управувањето на возилото независно од теренот. HYibrid4 и Euro 6 BlueHDi моторите допринесуваат за зголемената ефикасност додека екранот осетлив на допир со вградена сателитска навигација ќе се погрижи да стигнете на време на посакуваната дестинација.

BLUE HDi МОТОРИ

BLUE HDi МОТОРИ

BlueHDi е име дадено на најновата генерација на Peugeot дизел моторите. Резултат на светски познатото дизел наследство дополнето со иновација и инженерска извонредност, развиени на патеката Le Mans, BlueHDi моторите се во согласност со Euro 6 стандардите и се одликуваат со исклучителна моќност и перформанси, економична потрошувачка на гориво како и ниска емисија на CO2.


САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА

САТЕЛИТСКА НАВИГАЦИЈА

Со нашата сателитска навигација ќе ја имате сета помош која Ви е потребна додека сте во движење. Таа е контролирана преку 7" мултифункционален екран во боја осетлив на допир сместен во централниот дел на инструмент таблата и е достапна во сите изведби на новиот Peugeot 508.

 

HYbrid4 ТЕХНОЛОГИЈА

HYbrid4 ТЕХНОЛОГИЈА

Новиот 508 Hybrid 4 комбинира дизел мотор со електричен мотор кој овозможува совршена контрола на потрошувачката на гориво. Секое управување е различно и секое патување е ново доживување. Од користење на ZEV (нулта емисија на CO2) за намалена потрошувачка на гориво во град, до посилен спортски режим со кој се користат двата мотори.


"OPEN & GO" - ОТВОРИ И ОДИ

ОТВОРИ И ОДИ

Изберете го нашиот Open & Go систем и нема да имате потреба од клуч за Вашиот нов Peugeot 508. Сè додека го имате електронскиот приврзок со Вас, автомобилот ќе го препознае својот сигнал и ќе го отвори возилото кога се приближувате кон него.

Моторот ќе го стартувате или изгаснете едноставно со притискање на копчето Start/Stop. Вашиот Peugeot 508 ќе го заклучите со лесно допирање на надворешната рачка на вратата.


7" МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЕКРАН ВО БОЈА ОСЕТЛИВ НА ДОПИР

МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЕКРАН ВО БОЈА ОСЕТЛИВ НА ДОПИР

Новиот Peugeot 508 ја има контролата над целата аудио и навигациона опрема на дофат на рака, поставена во централниот дел на инструмент таблата. 7" мултифункционалниот екран во боја осетлив на допир има сè што е потребно за пријатно патување.


e-HDi STOP & START ТЕХНОЛОГИЈА

e-HDi

Зошто да трошите гориво кога чекате на црвено светло на семафор или сте заглавени во густиот градски метеж? Peugeot e-HDi Stop & Start системот ќе го сопре работењето на моторот во вакви ситуации, за да го стартува повторно штом Вие ќе го побарате тоа. Сето ова значи намалена потрошувачка на гориво и помала емисија на CO2 и до 15% при возење во град.