ВНАТРЕШЕН КОМФОР

Внатрешноста на новиот Peugeot 508 нуди највисоко ниво на квалитет и посветеност на деталите. Почнувајќи од примената на иновативни технологии како што е опцијата "head-up" екран, двозонски автоматски клима уред, па се до завршната обработка на седиштата како и големиот простор во пределот на главата и нозете на патниците.

ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА И ЕКРАН ОСЕТЛИВ НА ДОПИР

PEUGEOT 508

Елегантен и високо квалитетен дизајн каде секое копче на инструмент таблата како и екранот осетлив на допир се на дофат на раката, а сите информации за автомобилот се забележливи на прв поглед. Контролите за забава и навигација се наоѓаат напред и се централно поставени на екранот осетлив на допир што овозможува потполна контрола на внатрешноста на возилото со само еден допир на прстот.

ПРОСТОР ЗА ПАТНИЦИ

ПРОСТОР ЗА ПАТНИЦИ

Восхитувачки дизајнирана кабина, голема, практична и просторна, е она што новиот Peugeot 508 го прави удобен и комфорен за секого, дури и ако сте на задното седиште.


ДВОЗОНСКИ АВТОМАТСКИ КЛИМА УРЕД

ДВОЗОНСКИ АВТОМАТСКИ КЛИМА УРЕД

Студен воздух кој ќе ве одржува будни додека возите, а вашите сопатници ќе уживаат во потопла атмосфера - или обратно. Двозонскиот автоматски клима уред на новиот Peugeot 508 Ви овозможува независно подесување на температурата, го одржува двојното прилагодување како одговор на промената на надворешната температура, а сè со цел - максимална удобност на патниците.

 

ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Мобилни телефони, фотоапарати, чаши, шишиња од сок и вода, ситни монети и што уште не. Дизајнерите на новиот Peugeot 508 имаат решение за Вас. Просторната кабина изобилува со бројни места за одлагање на малите предмети на централната конзола, просторот за одлагање на ракавици под наслонот за раце помеѓу предните седишта, држачите за чаши напред и позади, држачите за шишиња во вратите како и климатизираната фиока наспроти совозачот.


"HEAD-UP" ЕКРАН ВО БОЈА

HEAD-UP ЕКРАН ВО БОЈА

Новиот "head-up" екран кој е поставен во видното поле на возачот Ви овозможува брза и лесна проверка на информациите за брзината на возилото, оддалеченоста од другите возила во сообраќајот и ограничувањето на брзината и сето ова без да го тргнете погледот од патот додека возите.

ТКАЕНИНИ

508 t1 508 t2 508 t3 508 t4

Новиот Peugeot 508 е опремен со селектирани, комфорни и висококвалитетни седишта кои овозможуваат оптимална положба за возење. Active изведбата доаѓа со издржлива црна Cocher Tramontane ткаенина. Изведбата Allure Ви нуди избор на црн полукожен ентериер Marston или црн едноставен кожен ентериер Claudia Tramontane.

За GT изведбата е избрана луксузно украсена и гранулирана Napa кожа.