>
 

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

KOMПAKTЕН SUV

KOMПAKTЕН SUV 1 KOMПAKTЕН SUV 2 KOMПAKTЕН SUV 3

Peugeot 2008 е компактен и наметлив SUV, со иновативен екстериер на кој никој не може да остане рамнодушен.

Неговиот дизајн ги покажува карактеристичните особини на SUV сегментот, влевајќи им поголема сила и цврстина. ПродолженијатаiДостапни во зависност од изведбата на лаковите на тркалата, вертикалната маска и одбојницитеiДостапни во зависност од изведбата ја заштитуваат каросеријата, додека покривот што се извишува како бран на неговите носачи за багажник, одбојниците над задните врати и спојлерот придонесуваат за софистицираниот дизајн.


НЕОДОЛИВ SUV

НЕОДОЛИВИОТ SUV

Новиот SUV Peugeot 2008 Ве прави да копнеете во потрага по авантура.

Секој детаљ ја покажува неговата подготвеност да се справи со сите предизвици, без оглед на тоа на каков пат се движите.
Неговото зголемено растојание од подлогата, подобрениот контакт со подлогата, кровните носачи, одбојниците над задните врати и спојлерот го потврдуваат неговиот избувлив карактер.


ПРЕДНИ СВЕТЛА

ПРЕДНИ СВЕТЛА

Динамичната природа на новиот SUV Peugeot 2008 е дополнително зголемена со неговиот елегантен светлосен потпис. Поставени во каросеријата на предната страна, предните светла му даваат на автомобилот мачкаст изглед, со високо-технолошка маскаiДостапна во зависност од изведбата во Хром и Црна боја.

ЗАДНИ СВЕТЛА

ЗАДНИ СВЕТЛА

Во класичен Peugeot стил, задните светла вклучуваат три нови канџи, во топла боја која создава навистина интензивен 3D ефект. Врамени со овие канџи, задната врата се отвара како голем и практичен багажник.


SUV СО КАРАКТЕР

SUV СО КАРАКТЕР 1 SUV СО КАРАКТЕР 2

Новата врвна црвена боја, земена од 308 GTi, ја нагласува живата природа и моќ на компактниот нов SUV Peugeot 2008.
Контурите и прецизните линии на каросеријата се подобрени со избор на осум други бои, вклучувајќи и пет металик бои, две нетранспарентни нијанси и новата, Emerald Crystal.


ТРКАЛА

ТРКАЛА 1 ТРКАЛА 2 ТРКАЛА 3 ТРКАЛА 4 ТРКАЛА 5 ТРКАЛА 6 ТРКАЛА 7 ТРКАЛА 8 ТРКАЛА 9

Новите тркала се на располагање со целата гама, од 15" IODE раткапна до новите 16" алуминиумски AQUILLA наплатки со дијамантски финиш. Различни видови на 16" и 17" алуминиумски наплатки, обоени или со дијамантски финиш, се исто така достапни како опција.