ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

EAT6 МЕНУВАЧ

EAT6 МЕНУВАЧ

SUV PEUGEOT 2008 сега се карактеризира со автоматски менувач EAT6 со шест-брзински конвертор во својата верзија на 1,2 L PureTech 110КС S&S, оптимизирајќи ја потрошувачката на гориво, а зголемувајќи го Вашиот восхит при возење. Исто така, вклучува Quickshift технологија, која обезбедува постојани промени на степените на пренос брзо и лесно.

Во меѓувреме, неговиот принос (енергетска ефикасност) е речиси еднаков на оној на рачен менувач, благодарение на намалувањето на внатрешно триење и додавање на конвертори коишто се заклучуваат кога е потребно за да се избегне превртување.

Сето ова значи дека разликата во емисијата помеѓу овој и мануелен менувач е намалена на само 7 g/km CO2 (со стандардни пневматици ISO), што оваа верзија ја прави со исклучителни перформанси во поглед на уживање во возењето и потрошувачката на гориво.


PureTech МОТОРИ

PureTech МОТОРИ

Модуларен и компактен, со комбинирање на врвен квалитет со исклучителни перформанси, овој моторот со 3-цилиндри е комбинација од ефикасност со најсовремена технологија. Задоволството при возење е меѓу најдобрите на располагање, дури и при многу низок режим, на ниски вртежи нуди првокласен висок баланс на рамнотежа. Значи, без никакви загуби во однос на моќта или уживање, овој технолошки пробив обезбедува намалување и до 25% во потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.

Верзијата на турбо 1,2 L PureTech 110 КС S&S EAT6 доаѓа со новиот EAT6 автоматски менувач и обезбедува при комбинирано возење емисија на CO2 од само 110 g/km, што го прави репер на автоматски бензински мотор во својот сегмент.


BlueHDi МОТОРИ

BlueHDi МОТОРИ

Моторите 1.6 L BlueHDi во компактниот SUV на Peugeot 2008 е уникатен во комбинирање селективна каталитичка технологија за редукција (SCR) со FAP(филтер за честички) систем. Сите тие се во согласност со стандардот EuroiВо Европа, обезбедувајќи извонредни перформанси заедно со контролирана потрошувачка на гориво и намалена емисија и нуди емисија на CO2 под 97 g/km плус импресивен 3,7 L/100kmiПри комбинирана потрошувачка во согласност со Европските Директиви 99/100/EC. Ова ја прави гамата на 1.6 L BlueHDi најекономична, со ефикасна потрошувачка на гориво на дизел мотори на пазарот.


ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ И SCR

ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ И SCR

Технологијата BlueHDi обезбедува оптимизирана потрошувакнаiОд 3 L/100 km при комбинирана потрошувачка во согласност со Европските Директиви 99/100/EC на гориво благодарение на SCRiSelective catalytic reduction - Селективна каталитичка редукција и FAPiфилтер за честички технологијa.

Со инсталирање на SCR наспроти на FAP(филтер за честички) системот, ние сме во можност:

  • Да го намалиме NOx (азотен оксид) до 90%;
  • Да ја оптимизираме емисијата на CO2 и потрошувачка на гориво (намалување и до 4% во споредба со Euro 5 мотори);
  • Да постигнеме побрзо стартување - по вклучување на контакт - благодарение на способноста да функционира на ниска температура.

STOP & START

Stop & Start

Брз, ефикасен и тивок, Stop & Start технологијата му овозможува на моторот да се стави во "мирување" непосредно пред и по период кога возилото не е во движење. Резултатот е подобрена контрола на потрошувачката на гориво и намалување на CO2 емисиите.

Кога педалата на сопирачката ќе се отпушти, повторното вклучување на контактот се случува веднаш, без бучава или вибрации.


ДИМЕНЗИИ

ШИРИНА ВНАТРЕШНИ ДИМЕНЗИИ БАГАЖЕН ПРОСТОР