ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

PEUGEOT i-Cockpit®

PEUGEOT i-Cockpit

Peugeot i-Cockpit® Ви нуди единствено возачко искуство. Со јасна пилотската кабина која е идеална за да останете свесни и фокусирани, го прави секое патување вистинско доживување.
Благодарение на компактниот управувач, рацете се помалку отворени и се пониско поставени отколку што би биле со конвенционален управувач - па Вашиот стил на возење станува поинтересен, поагилен и порелаксиран.

Никогаш нема да треба да го тргнете погледот од патот, благодарение на инструмент таблата во висина на погледот, со сини LED светла околу неа. Тука, сите клучни информации за возењето може да се видат веднаш, овозможувајќи Ви да уживате во возачко искуство кое е побезбедно и порелаксирано.
И последно, но не и најмалку важно, можете да ги контролирате карактеристиките на опремата на возилото со помош на 7" екран на допирiДостапно во стандрадна опрема од Active ниво на опременост, во зависност од земјата.


ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКА СОФИСТИЦИРАНОСТ

ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКА СОФИСТИЦИРАНОСТ 1 ВИСОКО-ТЕХНОЛОШКА СОФИСТИЦИРАНОСТ 2

Прва во компактен SUV сегмент, кабината нуди заводливо високо ниво на квалитет на завршна обработка, прекрасно искоординирани до последниот детаљ и материјали со кои уште на прв допир чувствувате луксузност.

Амбиентот на осветлувањето е направен со особено внимание. Внатрешноста на 2008 и неговиот PEUGEOT i-Cockpit® изобилуваат во надворешната светлина благодарение на огромниот простор посветен на стаклени површини. Инструмент таблата на управувачот е опкружена со исклучително високо-технолошко сино LED светло. Покривот е достапен во две опции: панорамски стаклен покрив со рабно осветлувањеiДостапно во стандрадна опрема од Active ниво на опременост или ласерски гравиран покрив со амбиентално осветлувањеiДостапно во стандрадна опрема од Allure ниво на опременост.


УМЕТНОСТА НА ДЕТАЛИТЕ

УМЕТНОСТА НА ДЕТАЛИТЕ 1 УМЕТНОСТА НА ДЕТАЛИТЕ 2 УМЕТНОСТА НА ДЕТАЛИТЕ 3

Во внатрешноста се огледува модерен, среден дизајн кој совршено одговара на стилот на надворешноста. Контролната табла ги соединува линиите што се етерични и графички и е опкружена со вентилатори во облик на мачкини очи. Елементите "facetted" демонстрираат прецизна изработка која е навлезена во секој детаљ.


МОДУЛАРНОСТ

2008 e 1 2008 e 2

Прострен и практичен, лесен пристап до багажникотiУтоварен праг само 60 cm висок кој преминува во рамна плоча со капацитет од 410 литри до 1400 литриiСогласно VDA 2011 стандардите благодарение на својата задна клупа 1 / 3-2 / 3. Со едноставно притискање на копчето кое се наоѓа на врвот на наслонот на седиштето е доволно за поместување нанапред, додека основата на седиштето се губи автоматски. Во багажникот се наоѓаат куки за обезбедување на багажот и две странични зони за одлагање на предмети, едната е со трака за задржување на багажот, а другата со мрежа за багаж. И, на крајот, тука е ѝ дополнителниот простор под подот на багажникот кој Ви нуди дополнителни 22 литриiСогласно VDA 2011 стандардите.