208  

 
 
3 ПРИЧИНИ ДА ГО
ИЗБЕРЕТЕ НОВИОТ 208
 
 

Новиот Peugeot 208 уште на прв поглед освојува со својот нов стил. Овој компактен, следна генерација на hatchback автомобил, сега е поспортски и поелегантен. Новиoт 208 со понаметлив нов стил, избор на свежи бои на екстериерот и најсовремена иновативна технологија, потполно се издвојува од останатите.
1

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

Уште на прв поглед, новиот PEUGEOT 208, изгледа моќно, впечатливо и аеродинамично, дополнето со нова металик боја, "Orange Power", оставајќи белег на динамичност, виталност и свежина. Со веќе напредниот и иновативен дизајн, новиот 208 станува поостар и покарактеристичен со новиот преден браник и пошироката целосно интегрирана решетка. Овој впечатлив нов изглед е дополнет со нови двотонски предни светла вградени како стандард почнувајќи од Active ниво на опременост. Спектарот на бои на новиот Peugeot 208 е проширен, со неколку сосема нови нијанси вклучувајќи ја и новата маркантна металик Orange Power.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА ВНАТРЕШНИОТ ДИЗАЈН ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЗА НАДВОРЕШНИОТ ДИЗАЈН

2

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

Влезете во Новиот Peugeot i-Cockpit на 208. Со својот компактен управувач, инструмент табла во видното поле на возачот, без при тоа да го трга погледот од патот со големиот екран на допирiкако стандард од второ ниво на опременост и откријте едно сосема поинакво искуство на возење, кое ја комбинира енергијата и возбудливоста со максимална безбедност.

Направени се подобрувања во однос на удобноста и ентериерот на новиот 208. Управувачот сега е моделиран во потполно гранулирана кожа почнувајќи од Active ниво на опременост, додека нивото Active и Allure се карактеризираат и со нов материјал на седиштата.

Сé ова придонесува за комфорно и повозбудливо искуство на возење кое прераснува во секојдневно вистинско задоволство.

Дознајте повеќе за i–Cocpit Дознајте повеќе за управувањето

3

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН 1

Сите изведби на новиот Peugeot 208 ги исполнуваат Еуро 6 стандардите за емисија на CO2.

BlueHDi технологијата обезбедува најефикасни дизел мотори на пазарот и моторите BlueHDi од 1,6 литри, сега се достапни со избор на три нивоа на моќност. 75 и 100 КС S&S, заедно со пет-степен мануелен менувач и способни за импресивна економичност од 3,5 L/km и 120 КС S&S со шест-степен мануелен менувач, кој произведува само 94g/km CO2.

Семејството на PureTech бензински мотори со три цилиндри се прошири со 1.2 литарски турбо PureTech мотор со 110 КС S&S. Заедно со пет-степен мануелен менувач, овој мотор постигнува емисија на CO2 од само 103g/km.

Дознајте повеќе за технологија Дознајте повеќе за мотори Дознајте повеќе за безбедност
ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН 2

Новиот 208 е на располагање од неговото лансирање со новиот EAT6 шест-степен автоматски менувачiEfficient Automatic Transmission 6, кој користи технологија на “Quickshift” овозможувајќи побрзи промени на степенот на пренос.