БЕЗБЕДНОСТ

Дизајниран со долгогодишно искуство и експертизата на Peugeot, возилото пристигнува со најновите, безбедносни карактеристики.

ACTIVE CITY BRAKE

ACTIVE CITY BRAKE

Active City Brake е нова технологија која овозможува да се избегне несреќа или да се намали нејзината тежина ако возачот не реагира. Таа се вклучува во градски услови со брзина помала од 20 километри на час. Сензор со краток опсег е вграден на горниот дел на ветробранското стакло и може да открие други возила кои се возат во иста насока или се во мирување. Ова автоматски ќе ја активира рачната сопирачка за сопирање на возилото за да се избегне ударот целосно или да се ограничат последиците на несреќниот случај со намалување на брзината на ударот.


СТРУКТУРА

СТРУКТУРА

Новиот PEUGEOT 208 има навистина лесна структура на каросеријата која е осмислена така да максимално ја апсорбира енергијата која настанува од различни типови на можни удари и на тој начин ги намали фаталните последици. Ова робустно, елегантно, прецизно и доста лесно за маневрирање возило (од 975 kg во зависност од изведбата) подеднакво се грижи за потрошувачката како и за задоволството при возење.


ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА

Возете со доверба, знаејќи дека Вие и Вашите патници сте заштитени со 6 воздушни перничиња како стандардна опрема.

Возачот и совозачот се заштитени со:

  • 2 предни и две странични воздушни перничиња
  • 2 странични воздушни перничиња напред
  • 2 предни и задни воздушни завеси (предни и задни по должина).

ESP

Сите изведби на 208 се опремени со ESP (Програм за електронска стабилност) како стандардна опрема, со ASR (Систем против пролизгување на тркалата), DSC (Систем за динамичка контрола на стабилноста), EBA (Помош при нагло сопирање), ABS (Систем против блокирање на тркалата) и EBD (Систем за електронска дистрибуција на силата на сопирање).

СТАТИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ НА КРСТОСНИЦА

Со кратки или долги светла, кога индикаторот за вртење е активен или пак кога управувачот е поставен во одреден агол, оваа функцијаiстандард, почнувајќи од трето ниво на опременост овозможува сијаличката на предните светла за магла да го осветлува свиокот, кога возилото се движи со помалку од 40 km/h (во градски услови, патишта со свиоци, крстосници, паркингзи итн.).


PEUGEOT Connect SOS и помош на пат

PEUGEOT Connect SOS и помош на пат

PEUGEOT CONNECT SOS сега е во употреба во повеќето големи европски земји и е технологија која може да се покаже од витално значење во итен случајiоваа опција е достапна во стандардна опрема или недостапна во зависност од изведбата и во зависност од одобрувањето при нарачување на возилото, во зависност од општите услови на употреба на достапни услуги на продажното место..

• Автоматски повик во итен случај: ако се надуваат воздушните перничиња или затегнувачите на безбедносниот појас се активираат, возилото автоматски прави итен повик во име на возачот. PEUGEOT CONNECT SOS го лоцира возилото, воспоставува телефонски комуникација со патниците и организира да се испрати соодветната служба за итни случаи.

• Мануелен повик во итен случај: дали се работи за жртва или сведок на вонредна ситуација, возачот може да го повика PEUGEOT CONNECT SOS со притискање на копчето SOS кое се наоѓа на контролната табла (и држење на истото 3 секунди).