ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

EAT6 МЕНУВАЧ

EAT6 МЕНУВАЧ

Со воведување на автоматскиот менувач EAT6, сега достапен во новиот 208, со шест брзински конвертор во 1.2 PureTech 110 КС S&S изведбата, се оптимизира потрошувачката на гориво додека се зголемува извонредното чувство при возење. За поголема едноставност и уживање, “Quickshift” технологијата придонесува за постојани лесни промени на степенот на пренос.

Намалувањето на внатрешното триење, заедно со конвертори кои се заклучуваат за да се избегне лизгање, значи дека неговата продуктивност (енергетска ефикасност) витруелно е еднаква на изведба со мануелен менувач. За вас, тоа значи извонредни перформанси и ефикасност и намалување на потрошувачката на гориво.


PureTech БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

PureTech БЕНЗИНСКИ МОТОРИ

Модуларен и компактен, овој мотор ја комбинира ефикасноста со најсовремената технологија.

Новиот 208 нуди избор од двa PureTech бензински мотори. Оваа технологија на 3-цилиндричен бензински мотор обезбедува енергично возење и перформанси, одлична економичност на гориво и ниска емисија на CO2. Тоа е резултат на интелигентен, иновативен инженеринг, која комбинира намалена тежина на материјалите со ефикасност на директно вбризгување на горивото за да ви овозможи максимално задоволство зад управувачот, при секоја брзина. Овој напредок во технологијата генерира заштеда во потрошувачката на гориво за 25% и ја намалува емисијата на CO2 во споредба со возило со еквивалентна моќност и вртежен момент.

Во комбинација со новиот автоматски менувач EAT6, на 1,2 PureTech 110 КС EAT6 S&S турбо верзија емитува само 104 g/km на CO2iво согласност со директивите 99/100/CE, со што претставува репер за автоматски бензински мотори во сегментот.


BlueHDi ДИЗЕЛ МОТОРИ

BlueHDi ДИЗЕЛ МОТОРИ

BlueHDi моторите на новиот PEUGEOT 208 ги задоволуваат нормите Еуро 6iво Европа.

BlueHDi моторите комбинираат високи перформанси, импресивна потрошувачка на гориво и ниска емисија на CO2. Секоја дизел изведба на новиот Peugeot 208 емитува под 95 g/km на CO2 и постигнува до 3,6 L/100kmiпри комбинирана потрошувачка во согласност со директивите 99/100/CE.

Оваа водечка гама на 1,6 BlueHDi дизел мотори на пазарот се опремени со Stop & Start технологија, со исклучок на моторот 1.6 BlueHDi 75 КС.


ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ И SCR

ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЧКИ И SCR<

Технологијата BlueHDi овозможува намалување на потрошувачкатаiод3 L/100km при комбинирана потрошувачка во согласност со директивите 99/100/CE блгодарение на SCR технологијатаiселективна каталитична редукција и FAPiфилтерот за честички.

Воведување на SCR технологијата над филтерот за честички овозможува:

  • Намалување на Nox честичките (оксид азот) до 90%
  • Елиминирање на штетните честички 99,9%
  • Оптимизирање на емисијата на CO2 и потрошувачката (до -4% во споредба со моторите Euro5)
  • Брзо палење –после стартување на возилото – благодарение на неговото функционирање при ниски температури.

STOP & START ТЕХНОЛОГИЈА

start and stop

Моторот e-HDi е опремен со Stop & Start технологија која автоматски го гасне моторот при сопирање и поставување на менувачот во позиција на лер, за да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на CO2. Тоа значи дека користи помалку гориво и произведува и до 15% помалку CO2 додека се вози во град. Повторното покренување на моторот е автоматски и моментално.

Системот доаѓа со четири од пет дизел мотори во гамата на новиот 208.


РЕКОРДНА ПОТРОШУВАЧКА

РЕКОРДНА ПОТРОШУВАЧКА

Новиот PEUGEOT 208 во изведба со многу ниска потрошувачка со моторот 1,6 l BlueHDi 100 S&S со мануелен менувач со 5 степени на пренос на стазата Belchamp во Франција го постигна новиот рекорд на ниска потрошувачка на големи растојанија кој е хомологиран од страна на UTACiтехничка унија на автомобили, мотоцикли и моторни возила

Поминати се 2.152 km за 38 часа и (со менување на возачот на секои 3 часа) со 43 литри дизел. Средната потрошувачка на гориво изнесувала само 2,0 l /100 km. Овој рекорд ја потврдува одличната технологија на дизел моторите Euro 6 BlueHDi и нивниот допринос во намалување на емисијата на CO2.

На тој начин новиот PEUGEOT 208 станува референтно возило на светскиот пазар за модел кој во стандардна опрема има термички мотор.


ДИМЕНЗИИ И КАПАЦИТЕТ НА БАГАЖНИОТ ПРОСТОР