ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

Новиот Peugeot 208 нуди квалитетна и префинета внатрешност во која на секој детаљ е посветено посебно внимание.

PEUGEOT i-Cockpit

PEUGEOT i-Cockpit

Природна и интуитивна, ергономијата на Peugeot i-Cockpit Ви дава чувство на возење кое е прецизно, пријатно и лесно. Функциите го вклучуваат големиот 7" екран на допир, инструмент таблата во видно поле, без да го тргате погледот од патот и компактниот управувач кои нудат интензивно чувство при возење.


УКРАСНИ ДЕТАЛИ

УКРАСНИ ДЕТАЛИ 1 УКРАСНИ ДЕТАЛИ 2 УКРАСНИ ДЕТАЛИ 3

Модерниот и префинет дизајн во внатрешноста е во целосна согласност со надворешниот дизајн. Дизајнот на инструмент таблата со стилски линии, вентилациските отвори кои се наоѓаат на крајот од инструмент таблата во облик на мачкино око и рамните елементи, сведочат за вниманието посветено и на најмалиот детаљ.


ТЕХНОЛОШКА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

ТЕХНОЛОШКА ИНСТРУМЕНТ ТАБЛА

Интелигентно поставена, без да го тргате погледот од патот, инструмент таблата има дискретен, елегантен дизајн и централен екран кој е лесен за читање. Сите неопходни информации се поставени таму каде што Ви се потребни, без при тоа возачот да го трга погледот од патот.

КОМПАКТЕН УПРАВУВАЧ

Компактен управувач, во комбинација со подеднакво компактна големина на новиот 208, (помала од 4 метри) Ви овозможува брзо, исклучително лесно искуство на ракувањето - совршен рецепт за вистинско уживање во возењето. Со изведбата Active и повисоките нивоа на опременост, завршната обработка на управувачот е во кожа.iЗа повеќе информации во врска со кожата, обратете се кај импортерот или дилерот, или погледнете кај техничките спецификации достапни од моментот на продажбата или на web страницата на Peugeot за дадената земја.

КОМПАКТЕН УПРАВУВАЧ

ЕКРАН НА ДОПИР

ЕКРАН НА ДОПИР

Совршено позициониран, 7" екран осетлив на допирiкако стандард од второ ниво на опременост Ви овозможува пристап до широк спектар на функции, вклучувајќи ја навигацијата, музичко емитување, USB конекција и повици hands-free, Bluetooth.


ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 1 208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 2 208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 3 208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 4 208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 5 208 ВНАТРЕШНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА 6

Пакетите за внатрешна персонализација се достапниiкако опција почнувајќи од второто ниво на опременост кај новиот PEUGEOT 208.

Овие пакети на персонализација ја истакнуваат модерната и елегантна страна на возилото: спортските седишта со порабувања во боја на пакетот, ентериерот, управувачот, инструмент таблата и украсните делови на вратите.

- MENTHOL White пакет, со своите бели елементи, создава динамичен и елегантен амбиент.

- LIME Yellow пакетот со своите колоритни елементи е посебно забавен и модерен.