ТЕХНИЧКИ ИНФОРМАЦИИ

ДИМЕНЗИИ

ДОЛЖИНА ВНАТРЕШНИ ДИМЕНЗИИ БАГАЖЕН ПРОСТОР

PureTech ТЕХНОЛОГИЈА

PureTech ТЕХНОЛОГИЈА

Euro6iВо согласност со ЕУ стандардите:
Потрошувачка во град (L/100km): 6,0-6,4 - CO2 емисии (g / km): 139-148; Потрошувачка на отворен пат (L/100km): 4.3-4.9 - CO2 емисии (g/km): 99-11; Комбинирана потрошувачка (L/100km): 5.0-5.5 - CO2 емисии (g/km): 115-127
бензинските мотори со три цилиндри PureTech во новиот PEUGEOT 3008 ја зголемиjа ефикасноста на горивото поради нивната намалена тежина и компактни димензии. Тие обезбедуваат единствено искуство на возење и високи перформанси без да се загрози безбедноста и стабилноста. Наградуваниот 1.2L PureTech 130КС S&S моторот беше прогласен за најдобар мотор за 2016 година во својата категорија и постигнува ниво на емисија на CO2 од само 115g/km. Може да се комбинира со новиот EAT6 автоматски менувач.

BlueHDi ТЕХНОЛОГИЈА

BlueHDi ТЕХНОЛОГИЈА

Euro6iВо согласност со ЕУ стандардите:
Потрошувачка во град (L/100km): 4.2-5.4 - емисија на CO2 (g/km): 110–141; Потрошувачка на отворен пат (L/100km): 3.5-4.3 - CO2 емисија (g/km): 92-111; Комбинирана потрошувачка (L/100km): 3.8-4.7 - CO2 емисија (g/km): 100-121)
дизел моторите BlueHDi во новиот SUV PEUGEOT 3008 комбинираат високи перформанси и ниско ниво на емисија. Моторите BlueHDi може да ја намалат потрошувачката на гориво, да ја ограничат емисијата на CO2 меѓу 100 и 121 g/km, да го намалат NOx (азотен оксид) до 90% и да ги отстранат до 99,9% штетните честички со исклучиво комбинирање на SCR (селективна каталитичка редукција) технологијата со FAP (Филтер за штетни честички за дизел гориво) адитив.


НОВИОТ EAT6 АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ

НОВИОТ EAT6 АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ 1 НОВИОТ EAT6 АВТОМАТСКИ МЕНУВАЧ 2

Новиот SUV PEUGEOT 3008 ја прошири својата гама на мотори и сега се карактеризира со иновативниот и ефикасен EAT6 (ефикасен Автоматски менувач со 6 степени на пренос) автоматски менувач. Оваа нова генерација на автоматски менувач е достапна со 1.2L PureTech 130 КС мотори, 1.6 THP 165 КС мотори, како и 1.6 L BlueHDi 120КС и 180 КС 2.0 литарски мотори BlueHDi, за да им понуди единствено искуство во возењето.
Тој има:
- 'Quick shift' технологија: за побрза и мирна промена на степените на пренос и оптимална управливост,
- Нова електрична контрола на импулс,
- Режим Спорт за уште подобро делување и перформанси.


EMP2 ПЛАТФОРМА

EMP2 ПЛАТФОРМА

Благодарение на новата EMP2 платформа и своите реномирани динамични квалитети, новиот PEUGEOT 3008 постигнува совршен баланс помеѓу комфорот и управувањето на патот, без преседан во C-сегментот на SUV возила. Платформата EMP2, исто така, обезбедува да новиот SUV PEUGEOT 3008 има поширок круг на вртење за да ги направи сите Ваши маневри полесни.