ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕ

СОВРШЕНО ДРЖЕЊЕ НА ПАТ

СОВРШЕНО ДРЖЕЊЕ НА ПАТ  1

Со подигната позиција за возење и зголемено растојание од подлогата до прагот (клиренс), новиот SUV PEUGEOT 3008 има прецизно и исклучително држење на патот. Откако ќе го доживеете ова безбедно и непречено држење на патот, нема да сакате никогаш да престанете со упавување!

СОВРШЕНО ДРЖЕЊЕ НА ПАТ 2

Новиот SUV PEUGEOT 3008 GT постигна највисока можна оценка од 5 ѕвезди на Euro NCAP- програмата за оценување на безбедносните перформанси на возилата во 2016 година. Од 2016 година, Euro NCAP може да даде две рангирања на еден модел:
- Едната оценка го означува основното рангирање за зезбедност, кое се однесува на автомобил само со стандардна опрема,
- Втората оценка го покажува нивото на безбедност што може да се постигне со дополнителен пакет за безбедност како опција.


ПОДОБРЕНА ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕiКако стандард или опција, во зависност од моделот

Подобрениот систем за помош при паркирање користи камери така што возачот може да ја види целата околина околу возилото на екранот на допир кој се наоѓа во возилото. Птичјата перспектива на возилото и неговата непосредна близина се прикажува во реално време, како и кога ќе се движите. Тоа значи дека возачот има преглед од 360° и може да ги види пречките во близина на возилото.


АКТИВНА БЕЗБЕДНОСНА СОПИРАЧКАiКако стандард или опција, во зависнст од моделот

Оваа технологија е најновата генерација на автоматски систем за сопирање во итни случаи кој интервенира ако детектира непосредна опасност од судир. Камерата и радарот можат да откријат и мобилни и статични пречки. Доколку возачот не успее да сопре, било да се работи за недоволно сопирање или воопшто не сопре, системот го активира системот за сопирање, наместо возачот. Така, Активната безбедносна сопирачка помага да се избегне судирот или да се минимизираат последиците со намалување на брзината на ударот.


АДАПТИВЕН ТЕМПОМАТ СО СТОП ФУНКЦИЈАiКако стандард или опција, во зависнст од моделот

Со користење на радарски сензор, системот го детектира возилото пред Вас и автоматски го одржува безбедносното, претходно поставено растојание со помош на сопирачка и гас. Оваа функција е достапна меѓу 30 km/h и 160 km/h.


ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТРОЛА

ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТРОЛА 1 ОДРЖУВАЊЕ НА КОНТРОЛА 2

Новиот SUV PEUGEOT 3008 е темпераментен во градски услови но, исто така, сака да се покаже и надвор од градското возење со напреден Grip Controliкако стандард или опција, во зависност од моделот. Бирачот поставен на централната конзола Ви овозможува да изберете режим за држење на патот кој најдобро одговара на теренот на кој се движите, било да е тоа снег, кал или песок. Кога ќе се соочи со најстрмните падини, иновативната функција Hill Assist автоматски ја регулира брзината на возилото во зависност од нагибот на патеката, поставувајќи го возилото во постепен и мал пад, без користење на педалата за гас и сопирачка.


ТРАЈНО ПОВРЗУВАЊЕ

ТРАЈНО ПОВРЗУВАЊЕ 1 ТРАЈНО ПОВРЗУВАЊЕ 2

Со функцијата Mirror Screen, можете да уживате во сите Ваши компатибилни Apple CarPlay™, MirrorLink® и Android Auto* апликации од паметниот телефон на екранот на допир, кој се наоѓа во возилото. Оваа функција, исто така, располага со безжичен полнач на паметен телефонiИндукционо полнење за уреди компатибилни со стандардот Qi.

*САМО ПОТВРДЕНИ MIRRORLINK®, APPLE CARPLAY™ И ANDROID AUTO (НА РАСПОЛАГАЊЕ ОД КРАЈОТ НА 2016) АПЛИКАЦИИ ЌЕ ФУНКЦИОНИРААТ КОГА ВОЗИЛОТО НЕ Е ВО ДВИЖЕЊЕ ИЛИ КОГА СЕ ДВИЖИ, КАКО ШТО МОЖЕ ДА БИДЕ СЛУЧАЈ. НЕКОИ ОД ФУНКЦИИТЕ НА АПЛИКАЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ СПРЕЧЕНИ КОГА ВОЗИЛОТО Е ВО ДВИЖЕЊЕ. НЕКОИ СОДРЖИНИ КОИ СЕ ДОСТАПНИ БЕСПЛАТНО НА ВАШИОТ СМАРТ ТЕЛЕФОН ЌЕ БАРААТ ПРЕTПЛАТА НА АДЕКВАТНАТА MIRRORLINK®, APPLE CARPLAY™ ИЛИ ANDROID AUTO АПЛИКАЦИЈА ПОТВРДЕНА СО ПЛАЌАЊЕ. ФУНКЦИЈАТА MIRROR SCREEN ФУНКЦИОНИРА СО КОРИСТЕЊЕ НА MIRRORLINK® ТЕХНОЛОГИЈА (ЗА ANDROID, BLACKBERRY И WINDOWS PHONE PHONES, КОИ СЕ КОМПАТИБИЛНИ СО MIRRORLINK®), ИЛИ APPLE CARPLAY™ (ЗА ТЕЛЕФОНИ КОИ ФУНКЦИОНИРААТ НА IOS), ИЛИ СО КОРИСТЕЊЕ НА ANDROID AUTO (ЗА ANDROID МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ), ПОД УСЛОВ ДА ВАШАТА ТЕЛЕФОНСКА ПРЕTПЛАТА КАЈ ВАШИОТ ОПЕРАТОР ВКЛУЧУВА ИНТЕРНЕТ. ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА HTTP://SERVICES.PEUGEOT.FR/DECOUVRIR-MIRROR-SCREEN


PREMIUM FOCAL® HI-FI СИСТЕМ

Возете во потполн луксуз во удобни спортски седишта, додека Вашата музика свири на premium Hi-Fi систем од FOCAL®iопција. Системот со 10-звучници со ексклузивна FOCAL® технологија овозможува да се добие чиста и остра акустика во возилото. Новиот SUV PEUGEOT 3008 е прв произведен модел кој е опремен со технологија од францускиот специјалист за акустика FOCAL®! Во Peugeot 3008, уживајте во суштината и духот на потписот за акустика Focal®, што резултира од повеќе од 35 години на иновација и експертиза во светот на уредите за репродукција на звукот како и звучници со висок квалитет.