ТОВАР

Новото товарно возило PEUGEOT Expert нуди голем број на многу „лесни-за-користење“ помошни средства за да Ви помогнат да ја зголемите Вашата продуктивност.

“MODUWORK” КОНЦЕПТ

MODUWORK КОНЦЕПТ 1 MODUWORK КОНЦЕПТ 2 MODUWORK КОНЦЕПТ 3

Благодарение на својата “Moduwork” масичка, новото товарно возило Expert нуди одлични нивоа на модуларност за да ви помогне да искористите најголем дел од слободните места. Страничното совозачко седиште, на пример, може да се подигне нагоре за да се создаде простор со рамен под.
Големиот отвор инкорпориран во преградата може да се отвори за да се зголеми употребливата должина до 4 m за транспортирање на долги предмети. Конечно, вашиот PEUGEOT Expert може да се трансформира во мобилна канцеларија доколку го сакате тоа; едноставно спуштете го централниот потпирач за раце за да се открие многу практична масичка која се врти.


“HANDS-FREE”, ЛИЗГАЧКИ ВРАТИ

Благодарение на страничните лизгачки врати “hands-free”iопциja со лесно поминување со нога под аголот на задниот браник го отклучувате возилото и ги отворате лизгачките врати на страната на која се наоѓате. Истото движење може да се користи за затворање на вратата и за заклучување на возилото, како што се одалечувате од него, што значи дека нема потреба да го оставите товарот на подот, ако рацете Ви се полни - едноставно треба само да го имате електронскиот клуч во џебот.


ВНАТРЕШЕН ПРОСТОР

Новиот PEUGEOT Expert е комбинација на компактни надворешни димензии со максимален капацитет на утовар, кои се од витално значење во овој сегмент. Товарните возила и длабоките кабини се опремени со 50/50 задни двокрилни врати кои можат да бидат застаклени со греење на задното ветробранско стакло и бришачи на ветробранското стакло.
Алтернативно и задна еднокрилна врата е на располагање. Двокрилните врати може да се отворат за 250°, што значи дека не треба да го користите просторот на патот при утовар и истовар.
Оваа опција е достапна кај моделот “Long”iкако дополнителна опрема и нема да пречи при отворањето на страничните лизгачки врати.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ДИМЕНЗИИ

ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕВОЗНИ РЕШЕНИЈА

ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕВОЗНИ РЕШЕНИЈА 1 ПРОФЕСИОНАЛНИ ПРЕВОЗНИ РЕШЕНИЈА 2

Во товарниот простор на располагање се голем број на прегради само на подот или целосно подот и страницитеiкако дополнителна опрема со сурово дрво или под, против пролизгување обложен со дрво и со алуминиумски ленти на праговите. Товарното возило PEUGEOT Expert исто така е опремено со точки за прицврстување на товарот.
Стаклена изолациона преградаiкако опција, како алтернатива на стандардната преграда, овозможува поголем акустичен и термален комфор, како и обезбедување на безбедноста на патниците во возилото. За целите на подобрена ергономија и удобноста на возачот, оваа преграда овозможува поголем простор за прилагодување на потпирачот за грб на седиштето на возачот.