208

208

Новиот Peugeot 208 уште на прв поглед освојува со својот нов стил. Овој компактен, следна генерација на hatchback автомобил, сега е поспортски и поелегантен. Новиoт 208 со понаметлив нов стил, избор на свежи бои на екстериерот и најсовремена иновативна технологија, потполно се издвојува од останатите.

3 ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ 208

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ

МАГНЕТСКА ПРИВЛЕЧНОСТ 1

Уште на прв поглед, новиот PEUGEOT 208, изгледа моќно, впечатливо и аеродинамично, дополнето со нова металик боја, "Orange Power", оставајќи белег на динамичност, виталност и свежина.

Со веќе напредниот и иновативен дизајн, новиот 208 станува поостар и покарактеристичен со новиот преден браник и пошироката целосно интегрирана решетка. Овој впечатлив нов изглед е дополнет со нови двотонски предни светла вградени како стандард почнувајќи од Active ниво на опременост. Спектарот на бои на новиот Peugeot 208 е проширен, со неколку сосема нови нијанси вклучувајќи ја и новата маркантна металик Orange Power.

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ

ИНТУИТИВНО И ВОЗБУДЛИВО ВОЗЕЊЕ 1

Влезете во Новиот Peugeot i-Cockpit на 208. Со својот компактен управувач, инструмент табла во видното поле на возачот, без при тоа да го трга погледот од патот со големиот екран на допирi и откријте едно сосема поинакво искуство на возење, кое ја комбинира енергијата и возбудливоста со максимална безбедност.

Направени се подобрувања во однос на удобноста и ентериерот на новиот 208. Управувачот сега е моделиран во потполно гранулирана кожа почнувајќи од Active ниво на опременост, додека нивото Active и Allure се карактеризираат и со нов материјал на седиштата.

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН 1

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН

Сите изведби на новиот Peugeot 208 ги исполнуваат Еуро 6 стандардите за емисија на CO2.

BlueHDi технологијата обезбедува најефикасни дизел мотори на пазарот и моторите BlueHDi од 1,6 литри, сега се достапни со избор на три нивоа на моќност. 75 и 100 КС S&S, заедно со пет-степен мануелен менувач и способни за импресивна економичност од 3,5 L/km и 120 КС S&S со шест-степен мануелен менувач, кој произведува само 94g/km CO2.

Семејството на PureTech бензински мотори со три цилиндри се прошири со 1.2 литарски турбо PureTech мотор со 110 КС S&S. Заедно со пет-степен мануелен менувач, овој мотор постигнува емисија на CO2 од само 103g/km.

ЕФИКАСЕН И БЕЗБЕДЕН 2

Новиот 208 е на располагање од неговото лансирање со новиот EAT6 шест-степен автоматски менувачi, кој користи технологија на “Quickshift” овозможувајќи побрзи промени на степенот на пренос.