SUV 3008

Навигација во внатрешноста

Pannellum

МОЌ И ЕЛЕГАНЦИЈА

Новиот SUV PEUGEOT 3008 веднаш дава чувство на хармонија со своите прецизно избалансирани пропорции.
Бидете инспирирани од неговиот моќен вертикален преден дел и изберете една од следниве опции:
- Решетка на ладилникот со хромирани детали, опкружена со остри и светли халогени предни светла
- Прекрасно оформена хоризонтална решетка на ладилникот* во комбинација со целосни LEDi предни светла за елегантен, мачкаст изглед.

Робустниот изглед на Peugeot 3008 продолжува со хоризонтална, ребреста хауба, додека стилските хромирани детали на крилотоi и кровниот лак од нерѓосувачки челик ги истакнуваат неговите флуидни и динамични линии.

ЕДИНСТВЕН ДИЗАЈН

peugeot 3008 suv
peugeot_3008_galerie-11-1.68795.jpg

Новиот SUV PEUGEOT 3008 се карактеризира со уникатен и остар дизајн. Неговата рационализирана форма е подобрена со сјаен црн Black Diamondi покрив. Задниот дел на автомобилот го продолжува овој исконски и иновативен стил, со сјајна црна боја кој го вклучува дизајнот на светлосниот потпис со трите канџи на Peugeot со користење на LED дневни светла.

ПРЕКРАСНА ВНАТРЕШНОСТ КОЈА ПЛЕНИ

peugeot_3008_galerie-23-11.68804.jpg
peugeot_3008_galerie-19-11.68805.jpg

Кога се наоѓате во новиот SUV PEUGEOT 3008, вниманието веднаш Ви го привлекува неверојатната, футуристичка контролна табла. Откријте ја најсовремената верзија на Peugeot i-Cockpit® заедно со своите високо-технолошки иновации. Управувачот е по компактен и големиот 8"екран на допирi наликува на таблет инсталиран во централниот дел на командната таблата. Дигиталниот 12,3" дисплеј во висина на погледот може да биде целосно конфигуриран и персонализиран, обединувајќи сè што возачот би сакал да го има во неговото видно поле.

Peugeot i-Cockpit®, исто така, има шест елеганти прекинувачи во форма на пиано типкиi - овозможувајќи директен и постојан пристап до главните контролни функции: радио, клима уред, навигација, параметри на возилото, телефон и мобилни апликации.

i-COCKPIT® AMPLIFY

peugeot_3008_galerie-28-1.68803.jpg
peugeot_3008_galerie-2-1.68785.jpg
peugeot_3008_galerie-2-1.68785.jpg

Опуштете се и дозволете му на i-Cockpit® Amplifyi да се грижи за сите сетилни потреби и удобност. Можете веднаш да гоi смените амбиентот во автомобилот за да одговара на Вашето расположение и патување со дифузер за мирис со режими “Boost” и “Relax”. Уживајте во изборот на деликатни мирисиi развиени од страна на меѓународно реномирани стручни лица за парфеми Scentys и Antoine Lie, различенi интензитет на амбиентално осветлување; промена на бојата на екранот ... целата удобност на седиштата со мулти-точки за масажаi додека уживате во прекрасната природна светлина од големиот панорамски сончев кров. I-Cockpit® Amplify нуди дури и повеќе од интензивно сетилно искуство кога се комбинира со Спортскиот Пакет за возачотi.

СПОРТСКИ ПАКЕТ ЗА ВОЗАЧОТ

peugeot_3008_layout4-1.68741.jpg

i-Cockpit® Amplifyi Ви овозможува да уживате во неверојатните дополнителни карактеристики на Спортскиот Пакет за возачот, кој ги конфигурира следните поставки:
- Поцврсто и поосетливо делување на серво управувачот
- Поостро делување на педалата за забрзување
- Зголемено делување на моторот и менувачот
- Зголемено спортско искуство и засилен звук на моторот (преку дигитален засилувач кој го подобрува звукот во кабината)
- Приказ на бои од различни екрани

ВНИМАНИЕ НА ДЕТАЛИ

ВНИМАНИЕ НА ДЕТАЛИ
ВНИМАНИЕ НА ДЕТАЛИ 2
ВНИМАНИЕ НА ДЕТАЛИ 3

Сите современи материјали се внимателно одбрани, од кожаi и други текстилни детали како и хромираните елементи... Луксузниот и модерен ентериер на новиот Peugeot 3008 овозможува да патувате во луксуз и стил.

МОДУЛАРЕН РАСПОРЕД

МОДУЛАРЕН РАСПОРЕД 1
МОДУЛАРЕН РАСПОРЕД 2
МОДУЛАРЕН РАСПОРЕД 3

Клупата на преклопување 2/3 - 1/3 има можност за „Магичен рамен под“ за да го оптимизира утоварот на рамен под, така да можете да создадете внатрешен простор кој ќе одговара на Вашите потреби. Иновативниот рамен под на лизгање има две опции за разновиден простор за багаж и можете дури да утоварите многу долги предмети со преклопен потпирач на совозачкото седиште.

ТРКАЛА

Новите тркала се достапни низ целата гама: 17 "Мiami раткапни и 17" до 19" во боја или дво-тонски diamond-cut алуминиумски наплатки.