508

508

Ви го претставуваме новиот Peugeot 508. Со уште понагласен надворешен дизајн и подобрена технологија која гарантирано нуди уникатно и единствено искуство во возењето.

3 ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ 508

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ДИЗАЈН

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ДИЗАЈН 1

ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО 1

ТЕХНОЛОГИЈА

ТЕХНОЛОГИЈА 1

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ДИЗАЈН

КАРАКТЕРИСТИЧЕН ДИЗАЈН

Новиот Peugeot 508 се истакнува со модерен стил. Надворешниот дизајн има понагласена структура со потполно нови линии на предниот дел. Реконструираната и хоризонтално поставена хауба, потполно нова вертикално ориентирана украсна маска во која централно е позициониран препознатливиот симбол на Peugeot, лавот, како и дополнително редизајнираните браници на задниот дел значително го интензивираат чувството на уживање. Преполн со енергија и стил, овој нов изглед на возилото, привлекува внимание на секој чекор.

Потполно редизајниран, со цел да ја истакне моќта и карактерот, предниот дел на новиот Peugeot 508 се карактеризира со светлосен потпис нагласен со Full LED технологија која му дава впечатлив изглед. И задните светла се подеднакво импресивни, создавајќи го ефектот на трите "канџи" на Peugeot лавот, кои го ставаат својот печат на овој нов редизајниран модел.

ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

ИСКУСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

Акустиката и управувањето со новиот Peugeot 508 сведочат за експертизата на Peugeot кога станува збор за возните својства. Врвниот квалитет на сите компоненти на подвозјето во комбинација со високо ефикасната гама на мотори од најновата генерација на BlueHDi дизел моторите, новиот бензински Еуро 6 1.6 THP 165 КС S&S* па се до иновативниот HYbrid4 како и изборот на мануелни или шест степен автоматски менувач Ви гарантираат единствено и пријатно чувство во возењето. Изберете ја разновидноста која Ви ја нуди новиот Peugeot 508 HYbrid4 како спој на најдоброто од два света. Извлечете го максимумот со едноставно вртење на копчето поставено на централната конзола и изберете еден од четирите режими на работа: AUTO, SPORT, 4WD или ZEV**.

* Stop & Start
** Возило со нулта емисија на CO2 (Zero emission vehicle)

ТЕХНОЛОГИЈА

ТЕХНОЛОГИЈА

Изборот на најквалитетни материјали и особено посветеното внимание на сите детали во внатрешноста на новиот Peugeot 508 придонесуваат за врвно чувство и нагласен комфор. Иновативната технологија е она што го прави возењето поедноставно. До “head-up” екранот, камерата за возење наназад, системот за откривање на мртов агол или сателитската навигација може да се пристапи преку 7" екран осетлив на допир што го прави патувањето побезбедно.

ОТКРИЈТЕ ГО И