Peugeot Partner VU

 partner

Peugeot Partner

Откријте го PEUGEOT Partner, робустен фургон кој е поврзан со интернет, како би ви помогнал во завршување на сите ваши деловни задачи.

3 ПРИЧИНИ ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ PEUGEOT PARTNER

РОБУСТЕН И СПРЕМЕН ЗА СЀ

Partner VU РОБУСТЕН И СПРЕМЕН ЗА СЀ

Повеќе од 20 години, Peugeot Partner го докажува својот квалитет и сигурност на патот. Со модерна опрема, поврзана со интернет и гамата на ефикасни мотори, Partner се докажува како фургон од акција. Ова комерцијално возило, исто така се разликува со својот изглед, кој во исто време е робустен и модерен, а вертикалната решетка го потврдува неговиот силен карактер.

КОРИСНА ТЕХНОЛОГИЈА

Partner КОРИСНА ТЕХНОЛОГИЈА

PEUGEOT Partner е опремен со најновата технологија. Функцијата MirrorScreeni и CarPlay® овозможува прикажување на екранот на вашиот Android телефон на екранот на допир од 7".

Active City Brakei, камера за возење наназадi, предни и задни паркинг сензориi или Grip Control®i ќе го обезбедат вашето возење. На крајот, BlueHDi моторите ќе ви овозможат уште поголемо уживање при возењето, создавајќи оптимални вредности на потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.

ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Peugeot Partner

Со клупата Мулти-Flexi имате можност за зголемување на товарниот простор. Peugeot Partner може да превезува до 3 лица и да се прилагодува на сите ваши потреби. Достапен во 4 верзии (L1 од 4.38m, L2 од 4,63m продолжена кабина, под кабина), Овој фургон е идеална алатка за работа во сите ситуации.