За нас

ЕУРОИМПЕКС е компанија основана во 1990 година. Првиот увоз на Peugeot автомобили е извршен во во 1992 година, а од 01 јануари 1995 година ЕУРОИМПЕКС добива статус на Генерален увозник и дистрибутер на производите на PEUGEOT (автомобили, скутери и резервни делови). За време на долгогодишното стопанисување успева да постигне значителни резултати, како и да развие и одржува цврста продажно-сервисна мрежа покривајќи ја целата територија на Македонија.

AUTOMOBILES PEUGEOT, на 01.07.2014 година го проширува своето партнерство со ЕУРОИМПЕКС. Со ова, ЕУРОИМПЕКС прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот PEUGEOT во Македонија, Србија и Црна Гора, во текот на 2015 година Еуроимпекс станува генерален увозник на брендот Peugeot во Косово, за да веќе следната 2016 година официјално прерасне во генерален увозник на брендот Peugeot за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија.

Брендот PEUGEOT, ужива висок степен на имиџ и голема доверба кај клиентите. Ова е резултат на ефективното менаџирање од страна на генералниот менаџмент на компанијата, на вниманието посветено на потенцијалните купувачи - нивните потреби и мислење, како и на залагањето и ефикасното извршување на работните задачи на вработениот тим во компанијата и дилерско-сервисната мрежа.

ЕУРОИМПЕКС работи во деловен центар проектиран според стандардите на AUTOMOBILES PEUGEOT каде нашиот искусен и динамичен тим секогаш Ви стои на располагање.

Повеќе за ЕУРОИМПЕКС на www.euroimpex.com.mk.