Еуроимпекс
Superbrands

ЕУРОИМПЕКС е компанија основана во 1990 година. Првиот увоз на Peugeot автомобили е извршен во во 1992 година, а од 01 јануари 1995 година ЕУРОИМПЕКС добива статус на Генерален увозник и дистрибутер на производите на PEUGEOT (автомобили, скутери и резервни делови). За време на долгогодишното стопанисување успева да постигне значителни резултати, како и да развие и одржува цврста продажно-сервисна мрежа покривајќи ја целата територија на Македонија.


euroimpex objekt

AUTOMOBILES PEUGEOT, на 01.07.2014 година го проширува своето партнерство со ЕУРОИМПЕКС. Со ова, ЕУРОИМПЕКС прераснува во Генерален увозник и дистрибутер на брендот PEUGEOT во Македонија, Србија и Црна Гора.

Брендот PEUGEOT, ужива висок степен на имиџ и голема доверба кај клиентите. Ова е резултат на ефективното менаџирање од страна на генералниот менаџмент на компанијата, на вниманието посветено на потенцијалните купувачи - нивните потреби и мислење, како и на залагањето и ефикасното извршување на работните задачи на вработениот тим во компанијата и дилерско-сервисната мрежа.

ЕУРОИМПЕКС работи во деловен центар проектиран според стандардите на AUTOMOBILES PEUGEOT каде нашиот искусен и динамичен тим секогаш Ви стои на располагање.

Повеќе на www.euroimpex.com.mk