Скопје | 06.12.2011

Официјализирана соработката помеѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот

novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl1.jpg
novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl1.jpg 2 novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl2.jpg novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl3.jpg novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl4.jpg novosti/2011/euroimpex_i_fon/sl5.jpg

Денес во продажниот салон на Еуроимпекс, се одржа прес конференција на која се објави и официјализираше соработката меѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот.

Од Еуроимпекс изјавија дека како компанија добиле понуда која со задоволство ја прифатиле и за која веруваат дека ќе се реализира во еден високо-успешен проект. Оваа година Еуроимпекс ќе биде дел од проектот на ФОН Универзитетот, именуван како „Фабрика на знаење“, а во функција на унапредување на деловната комуникацијата и социјална интеракција.

На прес конферецијата меѓу присутните беа и заштитните лица на Еуроимпекс, членовите на Peugeot семејството: Калиопи - овогодинешната представничка на Евросонг, Владо Јаневки и Влатко Лозаноски. (Каролина, беше отсутна поради работни обврски вон Македонија.)

„Минатата година прославивме јубилеен 20-ти роденден на Еуримпекс. Одбележавме 20 години постоење, развој, инвестирање и успешно опстојување на пазарот! Од`92 година стартуваше нашата соработка со Automobiles Peugeot и сеуште во вкупен број на продадени возила сме најпродаван бренд во рамките на Македонија. Ако ја гледаме генералната слика, со текот на времето - од 3-ца вработени, Еуроимпекс прерасна во компанија со повеќе од 70 вработени лица кои се високошколуван и стручен кадар.

Постојана надградба на знаењето преку редовно следење на семинари и специјализирани обуки, е дел од политиката на компанијата. Во рамките на целата Peugeot мрежа во Македонија, продажниот кадар посетува обуки во врска со моделите, а лицата кои работат во сервисниот сектор, неколку пати годишно ги следат специјализираните обуки директно од Peugeot.

Покрај инвестициите од едукатеивен карактер кон своите вработени, со години наназад Еуроимпекс има соработка и со студенти од различни насоки во образованието. Често сме домаќин на млади лица кои се во процес на своето високо-школување и појавиле иницијатива за практикантство т.е. да се здобијат со знаења и го воочат начинот на кој работите функционираат во пракса. Со овие информации, верувам дека Ви дадов јасна претстава дека нè случајно се вкучивме во проект со ФОН Универзитетот.“ – изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

„Нашата политика одсекогаш движела во насока да се даде поддршка и шанса за докажување на младиот кадар. Така и ќе продолжиме! Тоа е и целта на оваа наша соработка.

Во рамките на проектот „Фабрика на знаење“, Еуроимпекс ќе оствари соработка со две групи, студенти на ФОН Универзитетот. Едната група ќе работи на тема „Peugeot 308“, а другата група ќе работи на тема „Peugeot 3008“. Станува збор за возила од различни категории, 308-цата е представник на „C“ сегментот, а 3008-цата е компактно возило од сегментот наречен “Crossover”.

Од ФОН ни беше посочено, дека е потребно да се постави конкретна задача кон студентите. Ние, наместо тоа, во фокусот на студентите ги поставуваме овие два модели на Peugeot. Со ваквиот чекор, на студентите сакаме да им оставиме слободен простор за размислување и идеи, при што тие самите ќе го постават правецот во кој ќе движат за јавно комуницијање.“- изјави г-динот Даниел Воиновски, Генералниот директор на Еуроимпекс и додаде...

„Тимот на Еуроимпекс кој ќе биде дел од „Фабрика на знаење“ е сочинет од директори и менаџери на сектори и во текот на целиот проект ќе биде на располагање на студентите – за нивно насочување и информирање.

Во рамките на овој проект тимот е предводен од Ивана Манчева-Маркетинг директор, а во истиот членуваат овде присутните (со покажување кон нив): Деан Јадровски-Директор на продажба на возила, Томислав Нафидов-Бренд менаџер за Peugeot и Васил Стамболиски Директор на сервис.“

Од Еуроимпекс сметаат дека бенифитот за студентите пред сè се гледа во можноста тие да работат на проект и при тоа директно да соработуваат со раководството на Еуроимпекс. Да развиваат идеа, во насока која ним им е соодветна и при тоа да имаат комплетна поддршка на информации и совети.

„Одговорно стоиме зад тоа дека како компанија максимално ќе се вложиме правилно да ги насочиме студентите, да креираат пазарно апликативен концепт, а понатаму и развој на проектот. Веруваме, а и очекуваме, проектите да бидат одлични за да на крајот јавно да ги реализираме со јасно посочување дека истите биле изработени од студентите на ФОН. Сметаме дека ова би било најголемото достигнување и наградување, како и навистина голем исчекор за овие млади луѓе. Нашата поддршка ја имаат, останува уште да се вложиме и да работиме...“ изјави г-динот Даниел Воиновски, Генералниот директор на Еуроимпекс и додаде...

„Ова е втора година како ќе се реализира проектот „Фабрика на знаење“. Минатата година бевме пријатно изненадени од масовно позитивниот feedback кој го имавме. Оваа година, сме сигурни и знаеме дека во „Фабрика на знаење“ ќе се реализираат во високо-успешни проекти. Соработката со Еуроимпекс ја договоривме за многу кратко време на состанок со Даниел Воиновски, кој даде свое позитивно мислење за целиот проект.

Наша цел е студентите да добијат можност да работат на реален проект, да се здобијат со знаења и вештини кои понатаму едноставно ќе можат да ги применат во работењето. Ние вложуваме во младината која во иднина ќе допринесе за развој на успешно општество.“ – изјави Генералниот директор на ФОН Универзитетот, г-динот Сефер Цаноски и обраќајки се до студентите им порача да ја искористат оваа прилика за нивен личен развој и понатамошен животен успех.

„Минатата година реализиравме низа успешни проекти. Како што имавте прилика да следите, соработувавме со успешни комании. По истите стапки ќе движиме и оваа година. Еуроимпекс е прва компанија со која оваа година го стартуваме проектот „Фабрика на знаење“, концептот е мошне интересен и предизвикувачки за студентите. Двете групи ќе работат на тема за различни возила, едната група ќе работи на темата Peugeot 308, а другата група ќе работи на тема Peugeot 3008. На студентите им посакувам многу среќа низ целиот проект за наредните пет месеци!“ – изјави Проректорот проф. д-р Роберт Димитровски.

Како завршница на прес конференцијата, се изврши потпишување на Договорот за меѓусебна соработка меѓу Еуроимпекс и ФОН Универзитетот.


  Назад кон новости