Скопје | 06.12.2011

Срцето на Калиопи освоено од Францускиот лав Peugeot 508

novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl1.jpg
novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl1.jpg 2 novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl2.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl3.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl4.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl5.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl6.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl7.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl8.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl9.jpg novosti/2011/kaliopi_i_peugeot_508/sl10.jpg

„Го обожувам моделот 4007, но Peugeot 508 ме плени со кралски луксуз, комфор и моќ! Ова возило има мускулеста, а воедно и елегантна линија која ме остави без здив уште при првиот поглед. Што повеќе да речам, едноставно ми го освои срцето... Како што велат во Еуроимпекс, овој модел е за сите оние кои движат со 120 идеи на час.“

Првата соработка на Еуроимпекс, Генерален увозник на Peugeot брендот за Македонија, со Калиопи датира од далечната 2002 година. Соработката започна преку видео записот за тогашниот хит насловен како „Дали ме сакаш“, во кој Калиопи возeше купе-кабриолет Peugeot 206. Од таа соработка взаемно гаиме убави спомени, а како потврда за тоа остана видео записот кој долго се памети и кој е сеуште атрактивен и емитуван во нашиот етер.

„Соработката од 2006-та година ја продолживме но, на многу повисоко ниво и поинаков начин, па во декември месец 2008-ма година Калиопи беше официјално прогласена за заштитно лице на Еуроимпекс и член на семејството Peugeot. Официјалниот старт на грандиозната соработка, беше крунисан со убавиот теренец, моделот 4007.“ – изјави г-динот Кирил Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс и додаде,... „Сосема природно произлегува синтезата меѓу Еуроимпекс и Калиопи. Еуроимпекс е Генерален импортер на брендот Peugeot кој е лидер во вкупниот број на продадени возила на територијата на Македонија и темел за развој на цврсто јадро на продажно-сервисна мрежа, а Калиопи е сама по себе бренд, докажан и врвен уметник. Ни претставува чест што соработката продолжува во една успешна приказна која ќе биде раскажана од Peugeot 508 и Калиопи. Нашата дама, одсега ќе управува со француски „лав“ кој плени со својот моќен 1.6 MPi мотор, 156 коњски сили и „Актив“ ниво на опременост. Новиот крал на француското семејство, Peugeot 508 одсега ќе го гледаме во придружба на прекрасната Калиопи“.

„Го обожувам моделот 4007, но Peugeot 508 ме плени со кралски луксуз, комфор и моќ! Ова возило има мускулеста, а воедно и елегантна линија која едноставно ме остави без здив уште при првиот поглед. Бев фасцинирана од престижниот изглед, но и од премиум квалитетот. Финалната обработка и благородните материјали од кои е изработен овој модел, ми пружаат беспрекорно уживање на сите сетила. Што повеќе да речам, едноставно ми го освои срцето... Како што велат во Еуроимпекс, овој модел е за сите оние кои движат со 120 идеи на час.“ – изјави Калиопи.

Инаку, според олуката на Македонската радио телевизија, Калиопи ќе ја представува Македонија на претстојното 57-мо издание на најголемиот европски музички натпревар наречен „Песна на Евровизија”, кој ќе се одржи во мај 2012 во Баку, Азербејџан. Во следниот период покрај концертите и настапите кои ја очекуваат, таа ќе биде максимално ангажирана околу изборот и изработкaта на песната со која ќе се претстави на Евровизија.

Како и во досегашните нејзини проекти така и овој пат, Еуроимпекс и Peugeot ќе другаруваат со Калиопи во оваа Евровизиска приказна која што е значајна за цела Македонија.

Покрај новото возило за Калиопи, Еуроимпекс деновиве гордо објави дека од 01.12.2011 година сите Peugeot возила ќе имаат 4-ри годишната гаранција купени на територија на Македонија.


  Назад кон новости