Скопје | 20.04.2011

Новиот Peugeot 508 пристигна!

novosti/2011/peugeot_508/sl18.jpg
novosti/2011/peugeot_508/sl1.jpg 2 novosti/2011/peugeot_508/sl2.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl3.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl4.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl5.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl6.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl7.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl8.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl9.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl10.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl11.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl13.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl12.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl13.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl14.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl15.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl16.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl17.jpg novosti/2011/peugeot_508/sl18.jpg

Голем број гости, Генерални менаџери на средни и големи компании, потенцијални купувачи и голем број реномирани имиња... Еуроимпекс, импортерот на Peugeot автомобилите за Македонија, приреди спектакуларна промоција на новиот модел Peugeot 508. Во луксузниот амбиент, беа поставени и прекриени шест возила Peugeot 508 кои го очекуваа своето промовирање. Вклучените фарови под прекривките допринесуваа за развивање на мистично чувство кај сите гости.

Под изразено плава светлина во аглите и во речиси темна атмосфера, беше прикажан кус филм за брендот Peugeot и за моделот 508. Во тоа видео „добредојде“ ни посака г-динот Винсет Рамбауд (Vincent Rambaud) Генералниот менаџер на Peugeot, а покрај него свое излагање имаа и г-динот Гилс Видал (Gilles Vidal) Директор за дизајн за Peugeot автомобилите како и г-динот Хавиер Пежо (Xavier Peugeot) Директор за маркетинг и комуникации за Peugeot брендот на светско ниво.

Позитивната тензија беше дополнително зголемена со обраќањето на Генералните директори на Еуроимпекс, господата Кирил и Даниел Воиновски, а свое обраќање имаше и гостинот од Automobiles Peugeot г-динот Оливие Лаурер (Olivier Laurer).

Г-динот Кирил Воиновски нé потсети дека минатата година, Еуроимпекс прослави 20 години од своето основање, а брендот Peugeot 200 години од своето постоење. Потоа, г-дин Лаурер посочи: „Нашите производи имаат сé што е потребно за да го направат Peugeot победник!“, а на ова г-динот Даниел Воиновски додаде: „... Во наредниот период ќе се фокусираме на следниве три зборови: експертиза, емоции и стил. Ова е вистинско време бидејќи сме сигурни дека се наоѓаме на правиот пат кон иднината....“

Сите шест возила Peugeot 508 блеснаа со својот сјај, а бран на воодушевена реакција ја исполни салата.


  Назад кон новости