Македонија | 24.09.2011

Peugeot Macedonian Test Drive Tour 2011

novosti/2011/test_drive_2011/sl2.jpg
novosti/2011/test_drive_2011/sl1.jpg 2 novosti/2011/test_drive_2011/sl2.jpg novosti/2011/test_drive_2011/sl3.jpg

Минатата година за прв пат беше одржана манифестацијата наречена Peugeot Macedonian Test Drive Tour за статичко и динамичко претставување на возилата од брендот Peugeot.

Оваа година, тест турата на Peugeot ќе го носи името I ♥ Peugeot. „Го сакам Peugeot, беше реченица која често со изливи на позитивни емоции се искажуваше од страна на минатогодишните тест возачи. Луѓето го сакаат брендот. И затоа, во нивна чест, оваа година тест турата ја именувавме на овој начин.“ – изјави г-динот Воиновски, Генерален директор на Еуроимпекс.

Стартот на оваа манифестација е назначен за 24-ти септември, ден сабота во Тетово, а крајот на 11-ти ноември 2011 година во Кочани. Тест турата ќе ги посети граѓаните во сите дилерски центри на Peugeot низ Македонија и ќе опфати вкупно 7 градови. Тест возењето ќе започнува пред салоните т.е. овластените дилерски центри на Peugeot и ќе биде со времетраење од една недела во секој град.

Посетителите ќе имаат прилика да ги возат следниве модели на Peugeot: 207, 308, Partner Tepee, 3008 и новиот Peugeot 508.

„Изборот на возило е индивидуална одлука поттикната од чувството на удобност и безбедност, а врз која влијаат уште низа елементи кои целиот процес за избор го прават неверојатно комплексен. При движење во автомобил или при управување, нé обзема сплет од емоции кои произлегуваат од секој најмал детал кој нé опкружува... Наша цел е повторно да се дружиме со граѓаните ширум Републикава и да им овозможиме повторно да возат повеќе различни модели од Peugeot, да направат компарација, да добијат информации и одлучат што е најдобро за нив.“ – изјави г-динот Воиновски.

Ние веруваме дека јавноста во Македонија ќе ужива во целиов настан и со ова ги покануваме да бидат дел од него.


  Назад кон новости