Скопје | 30.06.2011

Владо Јаневски, нов член на семејството Peugeot

novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl2.jpg
novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl1.jpg 2 novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl2.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl3.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl4.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl5.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl6.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl7.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl8.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl9.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl10.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl11.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl13.jpg novosti/2011/vlado_i_peugeot_508/sl12.jpg

Минатата година, беше година во која Peugeot брендот прославуваше 200 години од своето постоење, а Еуроимпекс 20 години од своето основање и 10 години од отворањето на својот прв Blue Box.

Јавноста е веќе добро запознаена дека повеќе години, Еуроимпекс има соработка со врвни личности кои пленат и се пример на нашето Општество. Тие се врвни и докажани уметници, филантропи и хуманисти – заштитните лица на Еуроимпекс: Каролина, Калиопи и Влатко Лозаноски! Кај импортерот, спонтано се родила идејата за проширување на Peugeot семејството и од овој ден тоа брои еден член повеќе... Новиот член е: докажан пејач, кантавтор, културен мисионер, великан... и како личност еден од најомилените во јавноста... Владо Јаневски, новото заштино лице на Еуроимпекс и пријател на Peugeot! Одсега, него ќе го среќаваме во придружба на Peugeot 508.

Peugeot 508, на македонската јавност и беше претставен пред повеќе од 1.000 гости на луксузна свеченост која совршено прилега на моделот. Овој модел на Peugeot веќе е одлично прифатен од пазарот и обожуван од лицата сопственици.

На денешната прес конференција, Генералниот директор на компанијата, г-динот Кирил/Даниел Воиновски на Владо Јаневски му ги предаде клучевите од Peugeot-to 508 и притоа додаде:

„Би сакал на Владо да му посакам - добредојде во семејството Peugeot. Конкретно ова Peugeot 508, со кое ќе управува Владо има Active ниво на опременост, беспрекорен и моќен 2.0 HDi мотор, со автоматски 6-ст степен менувач, а хаубата крие моќна ергела од 163 коњски сили. Верувам дека Владо ќе ужива во возењето“.

Владо задоволен и среќен додаде:

„Задоволсто и чест ми е да соработувам со Еуроимпекс, компанија која повеќе од 20 години функционира на македонскиот пазар. Драго ми е да бидам член на Peugeot семејството, стартот на оваа соработка навистина многу ми значи. Посакував да се најдам зад управувачот на Peugeot 508 уште откако дознав дека Peugeot подготвува ваков модел... Мислам дека го одсликува мојот карактер, динамичен и уникатен – зрачи со стил и луксуз.“


  Назад кон новости